Експерти за Алфа: Сивата економија „јаде“ половина милијарда евра приходи од буџетот, власта само немо посматра

Експерти за Алфа: Сивата економија „јаде“ половина милијарда евра приходи од буџетот, власта само немо посматра

Никако да се стави крај на сивата економија и корупцијата во Македонија кои се навлезени во секоја пора од општството, и на големо уништуваат стотици бизниси во земјава, алармираат економисти за Алфа. Според Миле Бошков од Бизнис-конфедерацијата на Македонија, државата може многу лесно да го реши овој проблем, ама ако сака. Но, вели повеќе сака ги изигра законите кои негативно се одразуваат на финансиската кондиција на компаниите што работат како што треба.

Потсетува дека само државниот буџет годишно губи околу половина милијарда евра коишто би можеле да се инвестираат во здравството, образованието или инфраструктурата.

Дека црниот бизнис цвета во Македонија алармира и економистот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт. Сивата економија, вели тој, не е само економско, туку и општествено прашање кое треба да го решат политичарите. Смета дека е потребна силна политичка волја и сериозен пристап за внесување во системот на оние што не плаќаат данок и уредно да си ги плаќаат своите давачки.

И претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, по кој знае кој пат алармира дека сивата економија со години ја оптоварува државата, а особено бизнисот кој е најпогоден поради што му се врзани рацете за да оди напред. Според Азески, станува збор за маѓепсан круг од кој тешко ќе излеземе ако државата сериозно не порабори на сузбивње на сивата зона. Инаку, вкупно 33,2% од бруто домашниот производ годишно во државата отпаѓа токму на сивата економија.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста