За телевизијата

Старите добри времиња изминуваат со секој изминат ден. Порано и сега сеуште, бизнис моделот на медиумите беше да ѝ го дадеме на публиката она што ние скаме да ѝ го дадеме, кога ние сакаме да ѝ го дадеме, и како што НИЕ сакаме да ѝ го дадеме.

Тие денови заминуваат во неповрат.

Денес корисниците на медиумските содржини имаат потреба од брза, споредбена и употреблива информација. Технолошкиот прогрес го овозможи тоа. Голем број од аудиториумот има повеќе медиумски апарати и она што остана како предизвик денес е како информациите да стигнат до корисниците од едно место, а да ги задоволат сите нивни потреби (брза, споредбена и употреблива.)

Тоа денес го овозможува:

Алфа ТВ – Интегрираните редакции и интегрираните медиумски платофрми

Нашата стратешка определба од денеска е да одиме таму каде што е публиката и да ги разбереме нивните нови навики. Соодветно на тие нови навики да им понудиме содржини.

Една интегрирана редакција – повеќе канали за комуникација на содржините.

Дојде време да се разбере дека веб изданијата и социјалните мрежи не се само приврзок на главниот медиум. Сега настапува интеграција која од телевизијата Алфа, од интернет страницата http://www.alfa.mk, како и од медиумските платформи:

https://www.facebook.com/AlfaTelevizijaMk/
https://www.youtube.com/@alfatv3102
https://www.youtube.com/@alfatvnews7838

Сите овие работи ќе ни помогнат да направиме еден супер медиум.

Новата интегрирана редакција е фокусирама околу идеата да ѝ се пристапи на публиката во секој момент, таму каде што е во секој миг и во формат (медиум: ТВ, интернет, телефон, таблет…) каков што тие сакаат.

Философијата на новите конвергирани и интегрирани медиуми ја следи тезата на Чарлс Дарвин, кој не рекол дека најсилните опстануваат, туку оние кои најбрзо и најдобро се адаптираат. Тоа значи дека нема да опстанат најголемите медиуми (сетете се на диносаурусите), ниту пак оние кои сега имаат најголема гледаност. Ќе преживеат оние кои најбрзо ќе се прилагодат на брзите промени во технолошката и медиумската индустрија

Качанички пат, Скопје, Македонија, 1000

тел: 02 260 0370