Трошоците за живот растат, инфлацијата не се намалува

Трошоците за живот растат, инфлацијата не се намалува

Инфлацијата не се намалува. Трошоците за живот во однос на  април минатата година до април годинава се зголемиле за 4 отсто,  што е иста стапка на инфлација како во месец март, објави официјална статистика.  За една година најмногу поскапеле алкохолните пијалаци, храната, трошоците за здравствена заштита и рестораните и хотелите.  

Во однос на храната, најголемо поскапување има кај овошјето од  8,7%. Што се однесува до минатиот месец се бележи благ пораст на трошоците од скоро 1 процент поради зголемените трошоци за транспорт, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки .

Цените на мало за еден месец пораснале за 1.1 процент, а како ќе се движат цените на храната во идниот период е неиизвесно. Според ФАО ( Организација за храна и земјоделство на ОН ), во април е забележан раст на месото, растителните масла и житариците на светско ниво, што  на кус рок нема да направи промени на цените на лебот и житните производи на домашниот пазар . Според бизнисот, цените  се стабилни за наредните два месеци, но не можат да кажат подолга прогноза.

Се евидентираат промени на светските берзи за жито бидејжи сега стигнаа информации од големите произведители од Русија и Украина, дека таму не се знаат како ќе течат жетвите зошто има воени дејствија тоа влијае има импакт на пазарот , некој процент има зголемување на цената на житото, во наредниот период ќе има стабилност на цената. Големиот притисок се од друга природа, со човечките ресурси, големиот одлив на човечки ресурси но исто така и недостаток на финансии, голема конзервативност банките да одобруваат кредити, вели Горан Георгиевски претседател на Агро бизнис комората.

Дека животот поскапува покажуваат и последните податоци од синдикалната кошничка која  за прв пат надмина 60 илјади денари. Синдикатот пресмета дека во април биле потребни  60.212 денари  односно  1.214 денари повеќе отколку во март.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )