Ангелов: Ахмети и УЧК во 2001-та почнаа војна за да отцепат делови од Македонија

Ангелов: Ахмети и УЧК во 2001-та почнаа војна за да отцепат делови од Македонија

Стојанче Ангелов од паријата Достоинство реагира на изјавата на Славјанка Петровска, со на еден од митинзите на нејзината партија – дека масакрот кај Вејце во кој во 2001-та беа убиени 8 припадници на македонските безбедносни сили бил зашто ВМРО-ДПМНЕ и тогаш и сега посакувало да има војна.

Колку за потсетување војната во 2001 ја започна т.н. ОНА или УЧК која во своето комунике број 4 јасно кажа дека нивна цел е ослободување на вековните албански огништа од славомакедонскиот окупатор, вели Ангелов

„Значи министерке Петровска, не ВМРО ДПМНЕ туку Али Ахмети и УЧК започнаа долго и внимателно подготвувана војна за да отцепат дел од македонската територија. Но ние, македонските бранители од 2001-та, тоа не им го дозволивме. Не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја“ вели Стојанче Ангелов во објава на социјалните мрежи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )