Зголемен е бројот на болните и немоќни лица од Штип кои се пријавиле да гласаат од дома

Зголемен е бројот на болните и немоќни лица од Штип кои се пријавиле да гласаат од дома

Избирачките одбори кои во избирачкиот список имат болни и изнемоштени, од рано утринава излегоа на терен. Екипата на ТВ Алфа заедно со членовите од избирачкото место 2282, ги посети домовите на 76годишната Слободанка Гошова и 81годишната Митра Арсова. Тие живеат во приградската населба Железничка. Поради својата здравствена состојба денеска гласаа во домашни услови.

Треба да се излезе на гласање, се знае гласање што е, треба да се излезе„- изјави Митра Арсова.

Обавезно,треба да се гласа, посебно младите„ изјави Слободанка Гошева

На вториот круг од претседателските, но и на изборите за нов парламентарен состав, бројот на гласачи кои ќе гласаат во домашни услови е за 500 поголем  од првиот круг. Најмногу пријавени има во Берово, дури 258 лица. Пред да започне процесот, гласачот треба да  се изјасни дали сака да учествува и во двата вида на избори, објаснуваат од избирачките одбори.

Согласно правилата од ДИК, имат право еднаш да пристапат и треба да се изјаснат дали ќе гласаат за двата вида на избори или само за едниот. Во зависност од нивната одлука така ќе се спроведе гласањето, односно ќе добијат едно или две гласачи ливчиња„изјави Марјан Арсов, претседател на ИМ 2282-Штип.

Точно навреме во 7 часот е отворено и гласачкото место во КПД Затвор Штип. До 11.00 часот своето право го искористиле над 34% од гласачите.

 „Избирачкото место е отворено точно навреме. Имам 206гласачи по двата избирачки списоци и за претседателски и за парламентарни. Досега над 71гласач го имат искоритено своето право„ изјави Адријана Хаџи-Николова, заменик претседател на ИМ во КПД-Затвор, Штип.

Денеска своето право на глас во Источниот регион ќе може да го искористат 1603 гласачи, а дополнително ќе гласаат и 28 лица кои се сместени во Дом за стари лица во Берово. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )