Петрова: Буџетот е празен, власта трошела како да нема утре

Петрова: Буџетот е празен, власта трошела како да нема утре

Буџетот се празнел без мерка. Власта предизборно за четири месеци прокнижила дури 313,5 милиони евра под ставката „ други трансфери“. Државната каса повеќе се празнела отколку што се полнела и е во лоша кондиција. Алармантни податоци изнесе дополнителната заменичка министерка за финансии, Елена Петрова. Според последните податоци на Министерство за финансии, реализацијата на расходите е речиси 33 отсто, а капиталните расходи само 18%.

Во овие месеци Владата исплати 3,3 милиони евра кон невладини организации што е повеќе за над 80 отсто во однос на она што го исплаќаше владата на ВМРО-ДПМНЕ просечно за цела една година, исплати 11 милиони евра по извршни исправи што е скоро двојно повеќе од износот што го исплаќаше ВМРО-ДПМНЕ за цела една година, потроши за разни трансфери 154 милиони евра, износ кој е повеќе за 14 отсто од она што го исплаќаше владата на ВМРО-ДПМНЕ просечно за цела една година, потенцира Петрова

Двојно повеќе потрошила Владата на СДСМ и ДУИ во  периодот од 2017-2023 во однос на 2008-2015,а приходите пак не растеле. Власта трошела повеќе за тековно работење , а ни во целиот  мандат немало раст на капитални расходи. Значи со самото доаѓање на Владата на СДСМ и ДУИ почнало расфрлањето на буџетските пари, односно за три години од 2017-2019 под ставката други трансфери се  потрошиле 1,7 милијарди евра.  Петрова најавува детални анализи и внатрешни контроли, како и проверки од надлежни органи за да има одговорност за тие кои го донеле фискалниот простор во таква состојба.

Во овие седум години Владата во заминување потроши 77,7 милиони евра повеќе за субвенции за јавни претрпијатија, 20,8 милиони или двојно повеќе за трансфери кон невладини организации, 44 милиони евра повеќе за плаќање по извршни пресуди, 1,1 милијарда евра повеќе за разни трансфери во однос на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за девет години, напомена дополнителниот заменик министер.

Ваквите бројки не се изненадување ако се знае дека низ годините имаше низа скандали и афери како оној кој моментално ја бранува јавноста со исплатите од Агенција за млади и спорт кои, според извештајот од Петрова  се значаен дел од трансферите во изминатите четири години. Од трошењето на народното, народот не видел ќар ако се знае дека 600 илјади живеат само со 150 денари на ден.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus (0 )