Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Вонредни мерки за безбедност има и во Србија и Белград во очекување на посетата на кинескиот претседател Си Џипинг.

Српскиот главен град е украсен со кинески знамиња и транспаренти пред посетата на Си Џинпинг на земјата денеска и утре. Кинескиот лидер се обидува да стекне економско и политичко влијание за време на неговата европска турнеја.

Си џинпинг вчера се сретна со францускиот државен врв во Париз, а денеска треба да пристигне во Србија на средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој одржува блиски врски со Пекинг и Москва, а исто така се обидува да ги задржи односите со западот поради надежите на земјата за евентуално членство во Европската унија.

Кинескиот претседател доаѓа во Белград шест месеци по посетата на Вучиќ во Пекинг, при што Србија и кинеските претставници потпишаа договор за слободна трговија во присуство на двајцата лидери на меѓународниот форум „појас и пат“.

Кинескиот лидер подоцна ќе отпатува во Будимпешта каде ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus (0 )