Кој ќе биде кандидат за претседател во СДСМ: Спасовски се слика насмеан со Заев, Битиќи им ги мати плановите нему и на Шеќеринска

Кој ќе биде кандидат за претседател во СДСМ: Спасовски се слика насмеан со Заев, Битиќи им ги мати плановите нему и на Шеќеринска

Како се ближи времето до изборите, се по јасно се контурираат групирањата во партиите. Перцепцијата во дел од јавноста е дека најголема борба има во редовите на партијата на Ковачевски, каде фракциите конците ги тегнат кон себе, а со тоа расколот во паријата го зема својот данок и се повеќе се намалува рејтингот на СДСМ, како што покажуваат анкетите.

Се чини дека фракацијата на Спасовски кој никогаш не демантираше дека сака да седне во канцеларијата на Водно, сега се здружува со поранешниот премиер Заев.

Заев не е пристутен многу во политичкиот јавен простор, но сепак реши да се фотографира со министерот за внатрешни работи Спасовски, дека донира 6 мотори во служба на полицијата, демонстрирајќи ја благонаклонетоста кон Спасовски. Овој пак ја пофали фондацијата на Заев која им ги подари скутерите, нагласувајќи дека таа им е силен сојузник.

Во кругот на МВР беше предадена донација од Фондацијата Заев, од страна на директорот Зоран Заев, а која се состои од 6 мотоцикли за потребите на МВР и македонската полиција, со цел подобри резултати на повеќе организациони единици при Министерството, соопшти Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи (06.11.2023)

Спасовски и претходно се појави на фотографија со Заев во седиштето на СДСМ, каде заедно со дел од раководството беше присутен и Ковачевски.

Дека најверојатно ветер во грб од Заев, Спасовски очекува, говори и фактот дека во владеењето на Заев, министерот за внатрешни работи не покажуваше аспирации за друга функција, неговите јавни појавувања најчесто беа токму за работата на МВР.

Сега Спасовски кога и да се појави со политички ставови, изјавите му се дирекно контра одлуките на Ковачевски. Како оние за работата на Иловица, но и законот за амнестија.

Останува отоврено прашање и дали можеби Ковачевски не цели само кон борбата за кандидат за претседател на државата, туку пак можеби и за заземање на тронот на Ковачевски како лидер на социјал-демократите.

Додека Спасовски работи на терен, неговите политички ривали внатре во партијата не мируваат. Деновиве Радмила Шеќеринска е реизбрана за потпретседател на Партијата на европските социјалисти. На оваа карта таа и нејзината фракција играат во полза на нејзината кандидатура.

И Пендаровски сака да трча на изборите, иако тој кога беше назначен рече дека еден мандат му бил доволен, сепак 3 ипол години подоцна изјави дека одговор за некога повторна кандидатира ќе даделе народот и партиите, а тој ако не бил претседател досега веќе ќе бил отселен од Македонија. Околу јануари се очекува да се знае чија фракција во СДСМ е најдоминантна, ако во меѓувреме коцките не им ги помати вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, за кого поддршката од Ковачевски преиодов е повеќе од очигледна.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста