Османи: Дали да нацртам? Нема Влада без Бадентер кој ќе го обезбеди ДУИ!

Османи: Дали да нацртам? Нема Влада без Бадентер кој ќе го обезбеди ДУИ!

Ем хирург, ем министер, ем наставник – Бујар Османи сакаше да им нацрта на табла на новинарите дека Влада без Бадентерово мнозинство не може да има. Иако ниту во Устав ниту во Законот за Влада не пишува дека за формирање влада е потребен процент од немнозинските заедници, портпаролот на ДУИ  е убеден дека „Не е важно само кој ќе освои мнозинство од 61 пратеник, туку и кој ќе има мнозинство по Бадентер“. Со тоа уште еднаш се индиректно се закани дека не може да има Влада без неговата партија.

„Охридскиот рамковен доведе до две мнозинства, 61 и мнозинство по Бадентер. Забораваме и размислуваме само за едното мнозинство од 61. Едното секогаш оди со Бадентеровото. Ќе треба време за да ја сфатиме логиката на Охридскиот договор. Рамковниот договор има механизми за заштита на заедниците од надгласување, не е за заштита на мнозинската заедница. Затоа бара покрај 61 и Бадентерово мнозинство. Јалови се сите обиди да се потцени второто мнозинство при било кои избори по 2001 година“, рече Османи.

Трпението кај ДУИ се тенчи откако ВМРО-ДПМНЕ јавно кажаа дека доколку победат би коалицирале со албанската опозиција. Па веројатно затоа интегративците си смислија ново правило за влез во влада. ВМРО-ДПМНЕ пак исклучува секаква соработка со Али Ахмети, во било која варијанта и било која форма.

„Со Али Ахмети е исклучена секаква соработка во било која варијанта, во било која форма, на било кој начин нема да има соработка со Али Ахмети. Ние сме многу сериозни дека ДУИ ќе оди во опозиција, јас сум свесен дека до првиот круг најголем дел од политичката елита и дел од граѓаните во Македонија мислеа дека блефираме и дека го правиме тоа за политички поени. Свесен сум дека во овој момент има граѓани кои сеуште мислат дека ова го правиме како политичка игра, но ние ова ќе го реализираме и нашата поддршка после изборите ќе расте затоа што ќе видат дека го држиме зборот како што го одржавме дека нема да има измени на Уставот под бугарски диктат и немаше“, истакна потпретседателот и носител во ИЕ 4 од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување на радио Лидер.

А претседателот на СДСМ конечно се одважи да упати барем блага критика кон неговиот коалициски партнер ДУИ, иако сите овие години, молчеше за се што правеа интегративците. Го осуди скандирањето УЧК, но не испушти прилика да им порача на ВМРО-ДПМНЕ дека имале слична реторика со ДУИ коа го враќале народот во минатото.  

Од коалицијата Вреди биле подготвени по изборите да седнат да преговараат со победничката партија од македонскиот блок – според нив, ќе има стабилно владејачко и бадентерово мнозинство, ама остро ја одбиваат Левица како евентуален партнер во Владата.

Двете коалиции од албанскиот политички блок се уште тактизираат околу поддршката за претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова на вториот круг од изборите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )