Во Прилеп без проблеми тече гласањето на старите, болните и затворениците

Во Прилеп без проблеми тече гласањето на старите, болните и затворениците

Утрово, точно во 7 часот, беа отворени двете избирачки места, едното во Затворот во Прилеп, другото во Старскиот дом, каде согласно Изборниот законик, на ден пред утрешните двојни избори гласаат затворениците и лицата сместени во Домот. Од ОИК велат дека избирачкиот материјал е доставен навреме и денешното гласање кое ќе заврши во 19 часот, се одвива без никакви проблеми.

Бројката во Затворот е 104 лица од кои 27 се од Прилеп, а во Домот за Стари лица бројката е 68 од кои 33 лица се од Прилеп. Зголемена е бројката за болни и изнемоштени лица. Вкупната бројка е 455 вкупно со изминатиот круг за претседателски и сега за за парламентарни избори. Инаку, ние примивме 171 барање, од кои прифатени од наша страна беа 164“, – ни изјави Валентин Божиноски, претседател на ОИК Прилеп.

  На Избирачкото место во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“, од утринава, раздвижено. Станарите, трпеливо чекајќи на својот ред, го остваруваа своето гласачко и со Устав загарантирано право. Поголемиот дел од нив, иако тешко подвижни и со отежнат говор, ни рекоа дека редовно си гласаат. А другите пак, полни со очекувања дека политичарите-победници, по изборите, немало да заборават на ветувањата дадени во изборната кампања. 

Од 21 општина гласаат 68 штитеници во овој Старски дом. Избирачкото место е отворено точно во 7 часот и се’ досега се одвива без никакви проблеми. Се надевам дека до крај на денешниот избирачки ден до 19 часот нема да имаме никакви проблеми. Истата бројка на 68 штитеници и на овие избори ја имаме како бројка за гласање денеска“, – рече Магдалена Лазоска, претседателка на ИО од ИМ 1419.                

   Инаку, во општина Прилеп, според Единствениот избирачки список, право на глас имаат 62.169 граѓани кои своето гласачко право го остваруваат на 142 избирачки места. Во првиот круг од преседателските избори на 24 април, на гласање излегоа 56,64 % од гласачкото тело. Неважечки гласачки ливчиња имало 1.294.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )