Почна гласањето за двојните избори, гласаат болните, немоќните и затворениците

Почна гласањето за двојните избори, гласаат болните, немоќните и затворениците

Затворениците, болните и немоќните лица во домашни услови го остваруваат своето право на глас. Во најголемиот затвор Идризово течеше мирно и без никакви проблеми. Избирачките места во затворите се отворија во 7, а гласањето завршува во 19 часот.

Мониторинг екипата од парламентарното собрание на Совет Европа, на првиот круг на претседателски избори биле во затворот во Шутка.

За денешното гласање претставникот од Австрија вели дека од она што го видел засега тече мирно и според прописи.

За вториот круг на претседателските и за парламентарните избори зголемен е бројот на пријавени болни и немоќни лица. Според податоците на ДИК за претседателските избори гласаат 11.123, а за парламентарните избори бројката на болни и немоќни лица е поголема за 102 лица.

Во посебните изводи од избирачкиот список за лица кои поднеле пријава за гласање во дипломатско конзуларните претставништва се запишани 2.569 избирачи, а во затворите 2.147 избирачи. На списокот се и 534 избирачи згрижени во установите за вон семејно згрижување.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )