МАЕИ: Пописот на населението во Албанија е нелигитимен, Бугарија директно се меша

МАЕИ: Пописот на населението во Албанија е нелигитимен, Бугарија директно се меша

Пописот на населението во Албанија, за единствената македонска партија во Албанија-МАЕИ, е нелигитимен и податоците  за македонското малцинство кои ќе излезат од него ќе бидат нерелевантни. Ваквите реакции следуват откако Албанија, не го продолжи рокот за попис само за регионите Гора, Бело Брдо и Преспа, кадешто голем дел од населението поради бербата на јаболки во Ресен, не успеа да влезе во пописната статистика. Според претседателот на партијата, Васил Стерјовски на овој начин Бугарија директно се меша во попишувачкиот процес, а населението е под  постојан притисок од страна на бугарските власти.

  „Бугарскиот амбасадор почна да доѓа во нашите региони во делот на Гора, Голо Брдо и Преспа, да ги убедува луѓето да се пишат Бугари. Сите што имаат аплицирано за пасоши им се јавуваа од бугарската амбасада мора да се пишат Бугари, во спротивно нема да земат бугарски пасош.  Од една страна тие пасоши не се бесплатни, тоа се неколку илјади евра за едно семејство за таков пасош. Постоеше реално тој притисок и постоеа јавни закани кон Македонците  дека ако не се пишат Бугари, ќе им се одземат пасошите изјави Васил Стерјовски-претседател на МАЕИ.

Под притисок и без основни права, животот го живеат и Македонците во Бугарија, а ОМО Илинден за бугарските власти важат за сепаратистичка и терористичка  организација .

  „Ние Македонците во Пиринскиот дел сме поробени, ние сме како робови на Бугарите, без права на нашата основна, духовна, православна и јазична слобода„ изјави Кирил Иванов од ОМО-Илинден.

Денеска во Штип во организација на Здружението„Мирка Гинова„ се одржа семакедонска средба , на која беа изложени и документи и фотографии од Македонци во Албанија, кои уште од почетокот на XXвек , го истакнувале сопствениот национален идентитет. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста