Алфа дознава: Миљазим Мустафа се откажува од постапката за разрешување на Беса Адеми

Алфа дознава: Миљазим Мустафа се откажува од постапката за разрешување на Беса Адеми

Миљазим Мустафа има намера пред утрешната седница на Судскиот совет да се откаже од дисциплинската постапка кој тој ја поднесе, за разрешување на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, а членовите треба да расправаат по констатирана состојба, дознава неофицијално Алфа ТВ.

Според законските одредби, тоа во овој момент е тешко за реализирање со оглед дека на 29-ти декември се оддржа јавна расправа, на која Мустафа и Адеми ги спротивставија доказите, а тричлената Комисијата изготви извештај кој на утрешната седница треба да биде презентиран. Членот на СС, Мустафа ја обвини Адеми оти не доаѓала на седници , а не се појави ниту на закажаниот состанок за да каже кој вршел притисок врз врховните судии и за тоа беше поднесена дисциплинската постапка.

Според извори на телевизијата, шест членови на Советот се против можноста која ја имаат со претставката, Беса Адеми да биде разрешена, со што практично би се немало потребното мнозинство од 8 гласови „ЗА” нејзино симнување од функцијата претседател на Врховниот суд. Според истите математики, ако се знае дека Судскиот совет има 12 членови во моментов, може да се гласа за запирање на постапката односно поништување, за што е потребно 7 гласа или пак за пониски дисциплински мерки – што подразбира парична казна од 30 отсто од платата па се до опомена.

За седницата која се оддржа на 29 декември повеќе прочитајте на следниот линк: https://alfa.mk/sudskiot-sovet-saka-da-ja-razreshi-pretsedatelkata-na-vrhoven-besa-ademi/

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста