Предизборното цунами на државни вработувања стигна и до Aрмијата: Објавен оглас за 300 професионални војници

Предизборното цунами на државни вработувања стигна и до Aрмијата: Објавен оглас за 300 професионални војници

Изборите на врата, a државните институции се полнат со кадри.  Маратонот со предизборни вработувања очигледно  ќе го трча и Министерството за одбрана каде осамна јавен оглас за 300 професионални војници кои ќе и служат на Армијата .

Огласот ќе трае само седум дена, вклучувајќи го и денешниот кога е објавен, а оние кои сакаат да станат дел од Армијата за плата над 31 илјада, меѓудругото треба да се македонски државјани, да имаат средно образование и да се полнолетни. Да не се постари од 25 години и да имаат посебна здравствена и физичка способност.  При изборот на новите војници, Министерството ќе водело сметка и за, како што велат, соодветна застапеност на сите заедници.

  • Во постапката за избор, проверката на физичката и здравствената способност на кандидатите за професионални војници на служба во Армијата, ќе биде извршена од страна на посебни комисии формирани од министерката за одбрана. При вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност“, стои во јавниот оглас.

Овој оглас доаѓа откако, пред само 4 месеци, Министерството имаше оглас за вработување на 150 војници на определено време на четири години.  

Власта изгледа нема намера да го исполни едно од нивните главни ветувања во програмата кога доаѓаа на власт, дека ќе се намали партизацијата во администрацијата и граѓаните ќе добијат квалитетни услуги. Но, и по критиките од ЕУ очиглено полнењето со партиски кадри во јавниот сектор не престанува, а квалитет не добиваме.

Планерите на огласите не одмараа ни за празниците. Стотици осамнаа и во неработите денови на веб страната на Агенцијата за државна администрација. Масовно се бараа кадри и на крајот на декември и брзо потоа. Владата вработува 69 службеници, голем работодавец е и Дирекцијата за спасување – примаат 49, а во Центарот за управување со кризи има оглас за 28 службеници.  Огласи за вработување има и во Агенцијата за вработување, во Државната изборна комисија, во Регулаторната за енергетика, Министерство за образование и во други агенции и дирекции. Платите зависат од работната позиција.

Пред нецел месец скандалозен оглас „никна“ и во Национални шуми. Таму бараа 355 работници, а од нив околу 230 Албанци, а 30-тина Македонци, 30-тина Турци и по некој Влав, Ром, Србин и ставка „ други“ . Остана нејасно зошто на шумите им е важно од која националност ќе биде, на пример, дрвосечачот?  Претходно, и ЕСМ влезе во работна офанзива – бараа 500 вработени оти им фалеле работници исто остана неразјаснат податокот како до сега функционираа државните електрани без толку работници.

За потсетување, клиниката за Гинекологија и акушерство бараше лекари стриктно со албанска етничка припадност, а власта не виде ништо спорно во тоа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста