ДИК ја соопшти излезноста на изборите до 9:00 часот

ДИК ја соопшти излезноста на изборите до 9:00 часот

По обработени податоци од 1009 избирачки места, до 9:00 часот на гласање за претседател излегле 4,17% од лицата со право на глас, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски. Како што рече тој, споредено со вториот круг од претседателските избори во 2019 година, сега има намалување на излезноста до 9:00 часот за 1,9%.

Во однос на излезноста на парламентарните избори, до 9:00 часот, по обработени податоци од 1033 изборни места, гласале 4,45%. Според податоците на ДИК, најголема излезност за парламентарните избори има во Кривогаштани (9,46%), а најмала во Боговиње (1,43%).

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )