Владата сака сама да тужи, казнува и замрзнува имот-усвоен предлог Законот за американската црна листа и покрај предупредувањата за неуставност

Владата сака сама да тужи, казнува и замрзнува имот-усвоен предлог Законот за американската црна листа и покрај предупредувањата за неуставност



И покрај сите контроверзи, негативни мислења и предупредувања дека е спротивен на Уставот, Владата вчера попладне сепак го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на законот за рестриктивни мерки. идејата на предлагачот, министерството за надворешни работи, е американските и британските црни листи да станат основа за санкционирање и од страна на нашите институции.
Порталот „Плусинфо“ објави детали од документот во кој се гледа дека предлагачот го доставил предлог-законот во декември минатата година, но на адреса на владата на 26 декември стасало негативно мислење од министерството за правда за овој текст. а мислење од ресорот правда побарала вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Она што е спорбно во целата процедура е што министерството за правда во своето мислење нагласува дека воведувањето рестриктивни мерки врз основа на „правни акти на сад и правни акти на Обединетото Кралство“ е во спротивност со уставниот поредок и со суверенитетот на Македонија.

Во точката 3 од мислењето се вели: „министерството за правда смета дека донесувањето рестриктивни мерки со одлука на владата, врз основа на сомневање, не е во согласност со уставот на Македонија и со системот на казненото право воопшто“. Во точката 4 од мислењето на правда, се дообјаснува: „воведувањето вакви мерки со владина одлука врз основа на основи за сомневање, за случаи на корупција и криминал, претставува директна повреда на одредбите од уставот и на меѓународните стандарди.
Имено, во овие случаи наведени во предлог-законот, за разлика од кривичната постапка, за предметот да дојде во судска постапка, е неопходно основите за сомневање да се потврдат на ниво на основано сомневање и потоа на ниво на обвинување. Дури потоа пред судот, во јавна и контрадикторна постапка, е потребно да се докажува вината на обвинетиот. спротивно на ова, согласно предлог-законот, ќе може врз основа на основи за сомневање, да се воведат рестриктивни мерки, меѓу кои и замрзнување на имотот на определено правно или физичко лице, без спроведување постапка и со одлука на владата.

Министерството за правда укажува дека ова е од исклучително значење, бидејќи судот претставува орган на судската власт кој суди врз основа на уставот, законите и на меѓународните договори ратификувани во согласност со уставот, а владата е дел од извршната власт, што остава сомнеж за злоупотреба на рестриктивните мерки за политички цели“.

Во точката 5 од мислењето на министерството за правда, се предупредува дека предложените измени и дополнувања на законот за рестриктивни мерки се во спротивност со европската конвенција за човековите права.
„Имено, доколку вака предложените измени и дополнувања во форма на законски текст би биле донесени од собранието, би се соочиле со проблеми во однос на гаранциите од членот 6 на европската конвенција за човекови права, кој го гарантира правото на правично судење. Така, доколку овие прашања во конректни апликации се покренат пред европскиот суд за човекови права, судот во стразбур прво би ја разгледувал целта на одземањето за да утврди дали е применлив членот 6 во неговиот кривичен или граѓански аспект. особено проблематичен ќе биде фактот дека за воведувањето вакви рестриктивни мерки нема да постои правосилна судска одлука“, се вели во мислењето.
Дополнителни проблеми би биле непостоењето ефикасен правен лек, кршењето на презумпцијата на невиност и повредата на правото на одбрана во контрадикторна постапка.

Текстот на предлог-законот кој го објави Плусинфо не е суштински различен од оној за кој министерството за правда дало негативно мислење, со многу сериозни аргументи и со разумни насоки за тоа како можат да се остварат целите што ги поставува законописецот. Веројатно поради тоа, како што пишува Плусинфо, непочитување на мислењето на најстручниот ресор кога е во прашање правната материја, текстот на предлог-законот вчера бил прифатен само условно, со обврска предлагачот во рок од пет дена да прибави мислења од повеќе ресори, а потоа премиерот Димитар Ковачевски да одлучи дали во предвечерјето на демисијата на неговата политичка влада и непосредно пред формирањето на новата техничка влада, предлог-законот ќе го пушти во собраниска процедура.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста