Уште еден 1 мај со старите проблеми на текстилните работнички
Работодавачите за да го изиграат законот, наместо откази, често ги присилувале работничките во текстилната индустрија да потпишат анекес на договор за вработување, кој трае само еден ден. Ова прави работодавецот да не мора да ги испочитува законските обврски при отпуштање вработени. – Аларамираат од здружението гласен текстилец, од каде потенцираат дека работодавачите постојано наоѓаат нови начини, како да ги забокилот работничките права.
- „Незаконски откажувања на договорите за вработување. Договори од нула месеци. Проблем со кој за прв пат се соочивме, како и договори од еден ден. Принуда од страна на работодавачите кон работниците, да потпишат анекс на договорите за вработување, од неопределено работно време, на само еден ден. Многу работнички останаа без работа. Не им беше исплатена опремнината и исплатнина која што им следува.“ – Изјави Кристина Ампева од здруженето „Гласен текстилец“.
Сега, дел од овие овие работнички, поради возраста се во неизвесност дали некогаш повторно ќе се вработат, а работеле во текстилната индустрија повеќе од 25 години. Од здружението велат дека правата на работниците не се почитуваат, најмногу поради интертноста и незаинтересираноста на институциите, односно трудовите инспектори кои треба да го спроведуваат законот.
- „Испаѓаат синдикати кои што ги претставуваат работниците од јавниот сектор, додека за приватниот сектор нема да слушнете од никој, освен од нас. Каква е состојбата во институционалните и судските лавиринти. Имавме реакции за еден куп компании кои не исплаќаат плати по два, три месеци, и тоа едноставно си поминува низ управат за јавни приходи.“ – Додаде Ампева.
Оттаму велат дека работниците во Македонија често се соочуваат со незаконски откази, кои се случуваат за време на породилно отсуство или боледување, доцнење на плати или неисплаќање на додатоци за работа во недела и државни празници. Велат дека само за една година, од здружението „Гласен текстилец“ дале бесплатна правна помош на повеќе од 5300 работници, од кои дури 90% биле од приватниот сектор.
Никола Цветкоски