Судскиот Совет сака да ја разреши претседателката на Врховен, Беса Адеми

Судскиот Совет сака да ја разреши претседателката на Врховен, Беса Адеми

Околу 3 часа, Судскиот Совет и Беса Адеми контрираа кој е во право што претседателката на Врховен не доаѓала на седниците од мај до октомври, и не сакаше да им каже кој вршел притисоци врз врховните судии. Адеми се соочува со разрешување или пак поблага казна, бидејќи, уредно поканета, не образложила со докази, зошто отсуствувала од 21 седница на највисокото судско тело каде е член по функција. Милјазим Мустафа, од Советот, еден ден откако Адеми преку сооштение ја одби поканата за средба на која требаше да каже од каде доаѓале притисоците за кои зборуваше во медиумите, и поднел пријава за дисциплинска постапка.

  • Таа не дојде на работната средба, а своето отсуство го најави со писмен допис доставен до Судски совет, пред терминот на закажаната средба, и јавно е објавен на веб-страната на Врховниот суд. Со ваквото однесување и постапување, претседателот на Врховен, не само што го попречи Судскиот совет во остварување на основната цел, а тоа е да ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт преку остварување на своите функции согласно Уставот, туку и покажа професионална и правна некултура во постапувањето“, вели Мустафа, член на Судски Совет.

Иднината на македонското правосудство зависи од исходот на оваа постапка рече претседателката. Ако ја разрешат, Адеми битката ќе ја води и пред Европскиот суд.

  • „Денеска и во периодот кој следи, токму исходот од оваа постапка, ќе ја одреди иднината на македонското судство“, рече Беса Адеми.“

Беше цитиран дури и дел од Извештајот на оценската мисија што јавноста никогаш не го виде. Бранителот на Адеми рече дека овој потег на Советот е повреда на слободата на изразување.

  • „Ставот на судот е дека самото поведување на дисциплинска постапка, без разлика на мерка, тоа зависи од сите членови на Судскиот совет, дури и самата закана дека на некого ќе му е поведе ваква постапка, може да претставува повреда на слободата на изразување. Европскиот суд за човекови права, особено им дава заштита на носителите на високи функции во правосудниот систем, како што е претседател на Врховен суд“, кажа адвокатката Зефиќ-Јакимовска.

Постапката ќе продолжи на седница на Судскиот Совет за околу две недели. Три члената комисијата има рок од 15 дена да состави хронолошки извештај, кој ќе биде презентиран, а потоа ќе гласа за нејзино разрешување, поништување на дисциплинската постапка, или пак за пониски дисциплински мерки – што подразбира парична казна од 30 отсто од платата па се до опомена.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста