Загрижувачки податоци – голем број фирми имаат проблем да поделат плата

Загрижувачки податоци – голем број фирми имаат проблем да поделат плата

Надлежните се фалат дека економската состојба се подобрува, но дали тоа навистина е така?! Дилемите за ова се оправдани ако се земе фактот дека сериозен број на компании имаат проблеми да им исплатат плата на работниците. УЈП предупреди дека се констатират и доста злоупотреби, а синдикатите се жалат дека се повеќе се регистрираат случаи на основното право – право на плата.

Криза или несериозност. Дури 20.000 фирми во државава на своите вработени не им ги исплатиоле платите на вработените во законски утрдениот рок. Од Управата за јавни приходи предупреди дека од вкупно 68.893 работодавачи во земјата, само 47.000 ја исплатиле платата во законски предвидениот рок без задоцнување. Останатите, имале проблем, поголем дел не дале никаква плата, а дел од нив, им дале само по пет денари плата на работниците.

На 700 работодавачи само годинава им биле блокирани сметките поради доцнење на платите. Најмногу блокирани сметки имало кај угостителите, а потоа кај транспортот, адвокатските дејности, поправка на возила, фризерници итн.

  • Со реализација на обврските со МПИН-пресметките што треба да ги достават до УЈП за уплатата на придонеси и исплата на нето-плата доцнат 5428 работодавачи во државава, покажува анализата на Управата за јавни приходи (УЈП) за периодот од јануари до крајот на септември 2023. Од нив, 1912 доцнеле повеќе од еден месец, а 700 доцнат со реализација од самиот почеток на годинава. Кај сите се преземени соодветни мерки за присилната наплата, рече Сања Лукаревска, директорка на УЈП на брифинг со новинарите.
  • За септември 2023, обврска за МПИН немале исполнето 68 893 работодавачи за 552 193 вработени лица. Од нив, платена пресметка имаат 59 708 работодавачи за 535 058 вработени лица, од кои 47 116 работодавачи за 462 017 вработени платиле во законски рок до 16 октомври, а останатите платиле со задоцнување, додаде Лукаровска.

Синдикатите реагираат дека работниците и натаму се омаловажуваат, а нивниот труд да не се плати, алармираат од Сојузот на синдикати. Велат, работодавачите треба да ги почитуваат законите и да исплаќаат плата навреме, а да се злоупотребува и оној кадар што е останат во земјава.

Каква е состојбата отсликува статистиката. Кај септемвриската плата близу 3.800 газди не ги исплатиле своите 8.673 работници, а над 5.000 фирми воопшто не поднеле до УЈП пресметка за месечниот доход на 8.460 вработени.

Меѓу ова бројка, 8.140 работодавачи имале повеќе од 1 вработен. По фирми, најголемата фирма со неисплатена плата за септември е од дејноста чистење на згради со 378 работници, а потоа компанија од обезбедување со 184 вработени и на трето место е субјект од високото образование со над 80 неисплатени плати.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста