Спасовски, Деспотовски, Филипче – Во СДСМ почна лицитацијата кој ќе го наследи Ковачевски по поразот

Спасовски, Деспотовски, Филипче – Во СДСМ почна лицитацијата кој ќе го наследи Ковачевски по поразот

Филипче, Спасовски, Деспотовски – ова се трите најакутелни имиња кои се повеќе кружат во јавноста како можни наследници на акутелниот претседател на СДСМ Ковачевски, по поразот на 8 мај кој му го предвидуваат анкетите, но и резултатите од првиот круг на претседателските избори.

Ковачевски не кажа децидно дека ќе поднесе оставка, порача само дека по изборите ќе го соопшти и ставот за идно политичко делување.

Прерано е да се зборува за тоа, ние сме сега фокусирани на вториот круг претседателски избори и парламентарните, но секако дека на денот на изборите ќе излезам со многу јасна порака во однос на мојот личен став и во однос на тоа што треба да се прави во однос на идните процедури согласно статутот на СДСМ и во консултации, секако, со раководството. СДСМ е најдемократска партија во државата, а јас важам за голем демократ и легалист, рече Ковачевски.

Сепак неговата смена во партијата е очекувана и од членовите, поддржувачите на партијата, но и на дел од аналитичарите кои велат дека не само Ковачевски, туку и цело негово раководство ќе биде променето. Дури и поранешниот претседател на СДСМ, Заев се чини дека дирекно од САД му упати порака на Ковачевски, дека по загубени избори – оставка е неминовна. Заев преку својот пример дека по изборите во 2021 година дал оставка оти изгубиле, меѓу редови му кажува на Ковачевски што треба да направи.

Најголема шанса да седне на местото на Ковчаевски има Спасовски – пораншниот министер за внатрешни работи, кој беше и технички премиер во минатата пржинска влада. Тој се токмеше за да биде претседателски кандидат, но извиси. Тогаш се постави и главното прашање, дали можеби Спасовски му подготвува свилен гајтан на Ковачевски и наместо да се бори за да седне во фотељата на вила Водно, сака да седне на тронот на Бихаќка. Спасовски неколкупати се противеше на ставовите на Ковачевски и одеше контра политиките на партијата, како за измените кривичниот законик, така и за рудниците во Струмица. Инаку поранешениот министер на МВР важи за близок човек на екс лидерот на СДСМ , Заев. Заев и откако се повлече од претседателската позиција на социјал-деморатите се фотографираше со Спасовски, дури и неговата фондација донираше мотори за потребите на МВР.

Уште еден близок човек на Заев се бори да го смени Ковчаевски. Според неофицијални информации, поранешниот министер за здравство Венко Филипче, е тројанскиот коњ на Заев кој е инсталиран како носител на 4тата изборна единица избориве за да ги придобие симпатиите на членовите, но и да ја види ситуацијата одблизу во партијата, со цел по предвидливот пораз на 8 мај, да му ја земе функцијата на Ковачевски.

Последното име кое циркулира во политичките кулоари како шпекулација е името на првиот човек ТИРЗ, Јован Деспотовски. Тој не ја крие амбицијата дека сака да биде на чело на СДСМ. На претпоследните партиски избори, Деспотовски беше и директен против кандидат на Заев, тогаш не ја доби поддршката од мнозинството, но доби симпатии кај поддржувачите, симпатии кои сега во момент кога СДСМ се кршиви може да одат во корст на Деспотовски, како човек кој сакал промени.

Сепак и овие три имиња кои најгласно се споменувани за смена на Ковачевски со себе носат багаж и нерасчистени афери. Како еден од поголемите скандали по кој ќе остане запаметен Спасовски е проблемот со лични документи, односно недостатокот на патни исправи со новото уставно име. Заради овој проблем повеќе од половина од граѓаните останаа затворени во Македонија. Филипче со себе го носи товарот за справувањето со ковид кризата, недостатокот на вакцини, како и модуларната болница во Тетово. Јован Депостовски има низа на скандали зад себе врзани со фондот за иновации.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )