Мрсни цени за Велигден

Мрсни цени за Велигден

Пазарџиите и оваа година традиционално како пред секој Велигден ги набилдаа цените. Раст е забележан кај јајцата, зошто токму тие се најактуелни за празникот, но поскапени се и другите намирници, како месото и млекото. Граѓаните се жалат. Не знаат како да ги испланираат парите за прескапата празнична трпеза.

„Храната е скапа, еве по пазарите е многу скапо. Патлиџанот, пиперот и тој што го купуваме не е кавлитетен. Скап е. Нешто минимално зелката и кромидчињата се поевтини. Но, скапо е и овојшјето е скапо. Лебот не е поскапен, но само леб купувам. Млекото е исто поскапено, сирењето и сите млечно производи. И сувомеснатите исто така се поскапени. Ова е лудило што да правиме, катастрофа. Најмногу трошиме на храна. Патики не купувам, облека не купувам. Пензијата ја трошам на лекови и за преживување. Повеќето на лекови, храна, ова цениве сега пред празнициве чудо. не можеме најосновни работи да купиме“. 

Ако табла јајца пред Велигден можеше да се купи за 250 денари, сега цената за нив се движи и до 300 денари. За една табла јајца L цената се движи од околу 250 денари, додека оние од ХL достигнуваат и 300.

Краставиците се продаваат по цена од 70 до 110 денари за килограм, а китка млад лук и млад кромид кој чинеше по 10 до 15 денари за парче, сега е 20 денари. Цената на јагодите е од 100 до 150 денари за килограм, а лимонот, портокалот и бананите чинат околу 60 денари за килограм, додека пак јаболкото се продава за 35 до 55 денари.

Годинава Велигден веројатно за многумина ќе биде попосен затоа што и цените на месото исто така пораснаа. Килограм јагнешко се движи од 600 до 800 денари. И телешкото и свинскотоно остануваат луксуз за голем дел од македонските семејства. Килограм свежо свинско е од 370 па нагоре, а килограм телешко од 500 па нагоре.

Годинава инфлацијата е помала од лани, но сепак останува висока. Во март достигнала 4%.

Минималната потрошувачка кошничка и натаму урива рекорди и во април ја надима психолошката граница од 60 илајди денари. Синдикатот пресметал дека за едно четири члено семејство да го протурка месецот биле потребни 60.212 денари и тоа доколку не плаќа кирија односно има сопствен стан.

Љубиша Владимиров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )