На ДУИ им пречи слоганот на ВМРО ДПМНЕ „Твоја Македонија“, бил шовинистички

На ДУИ им пречи слоганот на ВМРО ДПМНЕ „Твоја Македонија“, бил шовинистички

ДУИ продолжува со нападите кон ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатот за претседател кој испадна од трката Бујар Османи го обвини Христијан Мицкоски за шовинизам и национализам. Кампањата на најголемата опозициска партија ги вратила сеќавањата на Албанците за понижувањата и омаловажувањата во минатото.

Mицкоски успеа да го врати кај Албанците сеќавањето на стогодишното ропсто и на понижувањата во некогашна Југославија. Тој успеа да активира нерв за кој мислевме дека е трајно сокриен. Успеа да го врати времето од Југославија, кога беше одлучено дека Рахман Морина ќе ги претставува Албанците. Но, овој обид за омаловажување на секој Албанец и на етничките заедници со слична судбина, ги мобилизира луѓето, а ги мобилизира и оние кои во првиот изборен круг не излегоа да гласаат, рече Османи.

Интересно е тоа што Османи пласира вакви обвинувања кога неговиот лидер Али Ахмети беше тој што скандираше УЧК и ги врати сеќавањата на Македонците од пред 23 години. Тој го правдаше шефот со девизата „национализмот раѓа нов национализам“.

На Бујар Османи му смета и слоганот „Твоја Македонија“  – била шовинистички и ги исклучувал сите други заедници. Иако Христијан Мицкоски во повеќе наврати порача дека е потребно седржавно обединување – испраќајќи повик до сите етнички заедници.

Mакедонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци. Ова е ваша земја, заедничка земја време е да си ја вратите во ваши раце и да испишеме заедно една нова историја со која сите заедно ќе се гордееме – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на 24 04.2024.

Инаку, Османи не откри дали на своите поддржувачи ќе им препорача да ги дадат гласовите за Пендаровски во вториот круг. За следните чекори ќе одлучувале на ниво на коалиција.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )