Нова дијагноза, стара болка, уште подлабока рана – најкатстрофален Извештај во последните години

Нова дијагноза, стара болка, уште подлабока рана – најкатстрофален Извештај во последните години

Нова дијагноза – стара болка, уште подлабока рана. Извештајот за напредокот на Македонија е веројатно налошиот што досега сме го добиле.

Од лошо, полошо. Извештаите на Европската комисија во годините власт на СДСМ и ДУИ во континуитет детектираат назадување во реформите во клучните критериуми, за во последниот, да отсликаат катастрофални состојби. Борбата против корупцијата, судството, реформите, сузбивање на криминалот добија досега најлоша оценка од Брисел.

„Нема напредок во судството минатата година. Судскиот систем останува на одредено и умерено ниво на подготовка. Судскиот советот треба да се залага за заштита на интегритетот и независноста на судиите и институциите и треба да се спротивстави на секое надворешно влијание. Загриженост за несоодветно политичко влијание предизвика контроверзното разрешување на претседателката на Судскиот совет“ – стои во Извештајот ид 2023 година.

Во претходните извештајни периоди оценките од Брисел беа попозитивни или барем спакувани со подипломатски речник.

Земјата е умерено подготвена за реформи на јавната администрација и за која е потребно да се оцени рационално нејзината функционалност. Во делот на човековите права земјава ја следат европската легислатива, но потребна е поголема имплементација – стои во Извештајот од 2016 година.

Една година претходно, во 2015 година било нотирано дека Македонија е делумно подготвена за реформи во судството, но високото ниво на политичко влијание тогаш било проблем. Осум години подоцна, ова не само што не е сменето – туку судството стана како циркуз. Ниту еден скандал не останал незабележан од европските челници, меѓу кои случувањата во Судски совет и измените во КЗ.

А не дека немаше предупредувања. Во септември 2017 година, Европската Комисија побара во Македонија да се формира работна група од експерти кои ќе работат во областа на владеење на правото. Извештајот во 2018 година пак, покажа дека Maкедонија постигнала многу малку во борбата против корупцијата.

Постои законска и институционална рамка, како и евиденција за превенција и гонење, иако конечните судски одлуки за случаи на корупција на високо ниво и понатаму се ограничени. Корупцијата и понатаму преовладува во многу области и претставува сериозен проблем – стои во Извештајот од 2018 година.

Во 2020 година Брисел со поостар тон кон Македнија. Високото ниво на корупцијата и неиспорачувањето на реформите беа причина за критиките од ЕУ. Една година подоцна имавме мали подобрувања во борбата против криминалот и корупцијата. Оценките на Комисијата беа генерално позитивни за политичкиот амбиент, но не беа регистрирани сериозни подобрувања.

Aко во 2022 година, правосудниот систем постигна одредено ниво на подготвеност преку спроведување на Стратегијата за реформи во правосудството, што се случи за само една година – одговор нема никој. Лани бевме поподготвени и во борбата против корупцијата, а беше постигнат напредок во истрагите, гонењето и судењето предмети на корупција. Оваа година судската власт потфрли со еден куп скандали, а власта на брза лента си истурка измени во КЗ, токму заради случаите со корупцијата – со што значително се намалуваат казните за корумпираните – истовремено, корупцијата наместо да се намали – се зголеми. За ЕК е проблем доцнењето на реформите на јавната администрација. Се критикува работата на Парламентот, неусвоениот деловник, измените на Изборниот законик, како и неусвојувањето на препораките на ОБСЕ.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста