Велика Сабота, денот меѓу смртта и воскресението

Велика Сабота, денот меѓу смртта и воскресението

Православните христијани во исчекување на Христовото воскресение – Велигден. Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Овој е втор ден на христијанската жалост, тага и молк. Во сите православни храмови, верниците оставаат црвени јајца и поминуваат под маса која го означува гробот на Исус Христос. Се прават и последните подготовки за вечерните литургии во црковните храмови и утрешниот ручек во кругот на семејството.

Велика сабота е и последниот ден од 48- дневниот велигденски пост. Сите верници кои се воздржувале од јадење мрсна храна ќе може да се причестат, по објавувањето на радосната вест за Христовото воскресение.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )