Пазарите и торбите полни – граѓаните ги прават последните подготовки пред Велигден

Пазарите и торбите полни – граѓаните ги прават последните подготовки пред Велигден

И пазарите и торбите полни за Велгдин, но парични празни. Граѓаните ги направија последните подготовки пред големиот христијански празник. И покрај високите цени, сепак велат дека за овој голем ден нема да штедат.

На зелените парзари , забележавме повисоки цени од пред една недела, на некои производи дури и самите пазарџи признаваат дека се двојно покачени.

За енормно скапата живеачка не треба многу да се зборува, доволно е да се направи обиколка низ маркетите и пазарите каде цените се драстично зголемени. Капак на сè е што по традиција пред голем празник како што е велигден, цените дополнително се корегираат нагоре. Граѓаните се жалат, додека трговците тријат раце“.

Табла јајца пред Велигден достигнува цена и од 300 денари во зависност од големината. Килограм јагнешкото стигна до 800 денари.

Доматите на повеќето места имаа цена од 120 денари, а крставици не може да се најде под 100 денари, додека пиперката стигна и до 130 денари.Килограм компир е 40 денари.

И телешкото и свинското станаа луксуз за голем дел од македонските семејства. Килограм свежо свинско е од 370 па нагора, а килограм телешко од 500 па нагоре. Годинава инфлацијата е помала од лани, но сепак останува висока. Во март достигнала 4%.

Минималната потрошувачка кошничка и натаму урива рекорди и во април ја надмина психолошката граница од 60.000 денари. Синдикатот пресметал дека за едно четири лено семејство да го протурка месецот биле потребни 60.212 денари и тоа доколку не плаќа ќирија, односно има сопствен стан.

Љубиша Владимиров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )