Одбележани четири години од членството во НАТО

Одбележани четири години од членството во НАТО

Во дворот на министерството за одбрана се одбележаа четири години од зачленувањето на македонија во нато, како и денот на генералштабот.

Министерката Славјанка Петровска порача дека 27 март бил клучен датум за создањето на суверена и независна Македонија, кога во сите републики од поранешна Југославија беснееле војни, во Македонија благодарејќи на мудрите одлуки на првиот претседател Киро Глигоров и првиот министер за одбрана Трајан Гоцевски, последниот војник на тогашна јна на мирен начин заминал од нашата териоторија со што се создале услови за формирање на македонска армија, додека вториот 27 март, пред четири години, ја зацврстил нашата безбедност и стабилност.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста