Зијадин Села носител на листата на ДУИ во изборната единица 5?

Зијадин Села носител на листата на ДУИ во изборната единица 5?

Зијадин Села носител на листата на ДУИ во изборната единица 5 или неговиот дел од Алијансата за албанците нема да учествува на изборите. ова не е ултиматум, туку единствено решение со кое делот од Алијансата за албанците што ги предводи Села би можело да учествува на престојните избори.

Проблемот е што печатите од партијата во моментов се кај актуелниот лидер Арбен Таравари, а без нив Села не може да настапи со свои листи.

„Имајќи предвид дека судскиот процес за тоа кому му припаѓа печатот на партијата Алијанса за албанците не е завршен, а се чини дека нема да може да се заврши во законскиот рок, ние нема да можеме да одиме сами на избори.

Ни остануваат две опции, или да не учествуваме на изборите, или да се приклучиме на една од двете формирани албански коалиции. Сепак, централното собрание на партијата ќе одлучи за следните наши чекори“, изјави Села во интервју за ТВ 21.

Од таборот на Таравари повторија дека се поготвени да им ги дадат печатите на приврзаниците на села, но само ако сакаат да излезат со свои листи, не заедно со ДУИ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста