Во Фокус: Земјоделството по “европски терк” на СДСМ и ДУИ и остави нивите празни

Во Фокус: Земјоделството по “европски терк” на СДСМ и ДУИ и остави нивите празни

Краставици од Албанија, ориз од Турција, гравче од Азија. Македонските пазари богати, но со увезена стока.  Доматите и кромидот  се поскапи од ананасите и бананите. Од земјоделска станавме увозно зависна држава. Нивите опустошени, а младите се иселени. Македонија се помалку произведува храна

Освен во Струмичко, незадоволни земјоделци кои едвај преживуваат има и во останатите делови на државата. Власта не го исполни ветувањето  за земјоделство по „европски„терк. Без сигурен пласман и загарантирана цена, со извршители кои им дишат во врат, производителите на храна го допреа дното.

На неисчистени канали, руинирани системи за наводнување, манипулирање со субвенциите и зелената нафта се жалат јаболкарите, лозарите, оризопроизводителите, тутунарите.

Цело лето земјоделците од Овчеполието водеа битка за вода. Земјата буквално им гореше од суша,  па наместо на нивите, тракторите ги паркираа на патиштата.

Ништо нема и од предизборните ветувања во 2020 за поддржка на младите земјоделеци до 40години кои наместо дома, сега создаваат во странство. Само празни ветувања останаа инвестирањата во системи за наводнување во истокот, како и враќањето на водостопанските заедници повторно кај земјоделците .

Наместо раст и развој, се случува колапс. Се намалува производството и посеаните површини, а десеткуван е и сточниот фонд.

И додека власта се фали дека аграрните политики им се во фокусот, годишниот извештај 2023 на Државниот завод за статистика ја покажуваа реалната слика кај македонските полиња.

 Од 2020 до 2022 површините посеани со тутун се намалиле за 1.500 хектари, пченката за 1.600 хектари, а на134 хектари помалку  посаден кромид, тутун, пченица, пченка, лозја, компир, ориз.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста