На сметката на „Стентон“ во изминатите години легнале стотици милиони од државни тендери

На сметката на „Стентон“ во изминатите години легнале стотици милиони од државни тендери

Милиони се слеале на сметката на „Стентон“ градба во изминатите години. Компанијата ја завршува годината со добиен најголем државен тендер за  опремување на индустриските зони  во Скопје, Прилеп и Штип со градинки, складишпта и паркиралишта . Според јавно достапните податоци, ова не ниту прв тендер  од ТИРЗ, ниту прв државен тендер кој го добива компанијата. Минатата година склучиле договор за изградба на терминаал на парцела во ТИРЗ Битола во вредност од над два милиони евра  ( 2 .424.  374 евра ) . Во 2018 -та пак за изградба на водоснабдителен систем за ТИРЗ Прилеп се склучил договор тежок 832.  870 евра , а следната година исто во ТИРЗ Прилеп „паднал “ договор за изградба на сообраќајници и хидротехничка инфраструктура во вредност од над 600 илјади евра .  Во изминативе седум години фирмата добила речиси 34 милиони евра (33.558.975) од тендери за технолошко индустриските зони.

Компанијата е и добитник на работа и од Министерството за транспорт и врски, Државните електрани, а и неретко од јавното претрпијатие за државни патишта .

Стентон градба ја гради и браната  „ Отиња “  во Штип. Во 2021 е потпишан анекс на договор во вредност од речиси пет милиони евра со Министерството за транспорт и врски ( 4.746.979 евра .)  Државните електрани пак им дале договор на битолската фирма за копање бунари во РЕК Битола во вредност од над 2 милиони евра . Од Јавното претпријатие за државни патишта за пет години ( 2018- 2023) добиле тендери во вредност од над осум милиони евра (8501385)

Според она што може да се види на сајтот на јавни набавки, компанијата има и соработка и со повеќе општини како во Прилеп, Битола и Крушево , но за помали суми за разлика од оние кои се одлеани од државниот Буџет .

Во однос на Тендерот од 29 милион евра, Алфа разговараше со сопственикот на компанијата кој кажа дека нема ништо спорно што договорот се потпишува нецел месец пред формирањето на техничка Влада . За нив, било нормално и законски јавната набавка да се спроведува на 5 месеци пред избори, бидејќи вакви набавки се спроведувале и ќе се спроведуваат и по техничката влада.

Согласно законските одредби, јавни набавки се добиваат пред и после формирање на техничка влада. Ние ја добивме набавката, и ќе го спроведeме согласно одредби од договорот кој веќе го имаме постигнато со ТИРЗ. За нашата компанија, неосновани се обвинувањата дека на еден месец пред формирање техничка влада ја добивме јавната набавка, која е согласно законските одредби од Законот за јавни набавки, според кој може да се распише и за време на техничката Влада, рече сопственикот на Стентон градба.

Инаку „ Стентон градба “ работи и на железничкиот коридор Бељаковце – Крива Паланка, а е и еден од подизведувачите за изградба на автопатите, проект кој го доби Бехтел и Енка. „Стентон градба“ е основана пред 20 години во битолското село долно Оризари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста