М-НАВ: Тенденциозни се нападите кон нас, вработувањата се според истите критериуми како и претходно

М-НАВ: Тенденциозни се нападите кон нас, вработувањата се според истите критериуми како и претходно

Хаос во М-НАВ. Примени неадекватни кадри, оставки од раководители и директори, интерни преписки, препукувања, најавени штајкови, деманти. Македонската навигација пука по сите шавови.

Последните вработувања во македонската навигација ја вознемирија  јавноста. Компанијата која треба да биде најсилната алатка за безбедноста во областа на летањето на мекадонското небо, вработила кадри кои, барем според дел од пишувањата на медиумите, не се адекватни. Имено станува збор за каднидати кои стигнале до последниот степен на тестирање, но поради не знаење, решиле да не ги одговорат прашањата на тестовите, но и покрај тоа биле вработени.

Токму заради оваа причина оставки на раководните инструкторски места си поднеле голем број на инженери, раководители на секотри, а нивниот најголем поддржувач и прв потпишан на известувањето, е еден од тројцата директори на М-НАВ Љубе Стаменковски.

Ова е првпат директор, член на Управниот одбор М-НАВ, да застане на страната на синдикат во М-НАВ, во која Агенција во сопственост на Владата, последниве две години контролорите и техничкиот дел се борат со самоволие на раководството предводено од главниот директор Фахрудин Хамиди, главно околу вработување на партиски и роднински нестручни кадри преку сомнителни огласи.

Од М – НАВ, пак, велат дека огласот за инженери и техничари е согласно Законот за работни односи и условите предвидени со систематизацијата. Во нивната реакција се наведува дека според систематизацијата за приправник интервју се спроведува само ако за едно место има два или повеќе кандидати. Во случајот со последниот оглас имало само по еден кандидат за седумте работни места.

Примените кандидати двајца инженери и 1 техничар понатака ќе бидат на „он џоб“ тренинг за АТСЕП согласно програмата за обука која ќе трае една година. Безбедноста во ниту еден случај не е загрозена, со оглед дека истите нема да бидт вклучени во оперативно делување пред стекнување на соодветно овластување од стручните инструктори. Доколку не се стекнат со горенаведеното овластување согласно систематизицијата, истото потенцирано и во самиот оглас за вработување, ќе добијат отказ од работа, велат од компанијата.

Под вакви услови се примени инженери во М-НАВ и пред четири години, но тогаш немало негодување, велат од компанијата.

Според нив, безбедноста на воздухопловниот сообраќај во ниту еден случај не е загрозена, бидејќи сега примените кандидати нема да бидат вклучени во оперативно делување пред да се стекнат со овластувања.

Само пред една недела, Синдикатот на контролори на летање при М-НАВ прифати да го одложи штрајкот што го најави од 31 декември до втори јануари, баш за Нова година, токму поради овие незаконски огласи од кои два траеја само по два дена, за да ги видат само тие што треба да бидат вработени.

Под менторство на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и со ветување од него и од директорот Хамиди дека ќе се запази законската процедура за строга селекција на кандидатите кои ги поминале огласите, меѓу кои и овој за 5 инженери и двајца инструктори, Синдикатот ја повлече одлуката за штрајкот за Нова година.

Синдикатот и во октомври најавуваше штрајк со барање да им се подобрат условите за работа во Контрола за летање, застарената опрема да биде заменета со нова и да се воведе „нормална селекција на кадар потребен за вработување“.

И лани во ноември имаше проблеми со конкурсот за вработување во М-НАВ, откако Синдикатот на контролорите на летање изрази сомнеж дека во државната компанија има планови за поништување на огласот бидејќи не биле избрани кандидати блиски на менаџментот и на функционери.

Тогаш до Синдикатот рекоа дека тројцата членови на управниот одбор на М-НАВ и директори во агенцијата, сакаат да го поништат огласот за контролори на летање, зашто од 270 пријавени, положиле само 8 кандидати, меѓу кои не се нивните, а ни пријавените деца на функционери од ДУИ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста