Бугарија ставена на меѓународната сива листа за перење пари

Бугарија ставена на меѓународната сива листа за перење пари

Глобалната организација за следење на перење пари Работна група за финансиска акција (ФАТФ) ја додаде Бугарија на својата „сива листа“ на земја подложени на зголемен надзор, според најновиот извештај на организацијата. Земјите на оваа „сива листа“ имаат „стратешки недостатоци“ во нивните напори да спречат перење на пари и финансирање на тероризам, но соработуваат со ФАТФ да ги решат проблемите. Бугарија им се приклучи на 22 други земји на листата, додека Албанија е една од земјите кои се тргнати од листата.

Повеќе од 200 земји и јурисдикции се обврзаа да ги имплементираат препораките на ФАТФ, која што редовно прави проверки на нивните напори во борба против перењето пари и финансирањето тероризам. ФАТФ, исто така, има и „црна листа“ на земји кои што се сметаат за високоризични, како Северна Кореја и Иран.

Потпретседателката на албанската Влада и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, објави дека Албанија „ја напуштила сивата листа за перење пари“, што е потврдено во извештај на работната група за финансиска акција, ФАТФ.

Според неа, борбата за спречување на перење пари и финансирање на тероризмот е и била во фокусот на албанската Влада и ќе остане една од главните определби во соработка со стратешките партнери.

  • Албанија излегува од сивата листа на ФАТФ. Посветеноста на албанската Влада, работата за исполнување на реформите, реформирањето на Дирекцијата за спречување перење пари во Агенција за финансиско разузнавање, вложувањето во суштинска промена на законите и дигитализација на процесите, се сите чекори што беа ценети од меѓународните партнери и членките на ФАТФ кои денеска одржаа пленарна седница носејќи низа важни одлуки, од кои една е пресвртница за Албанија, нејзиното излегување од сивата листа, пишува таа во објава на Фејсбук.

Балуку, наведува дека оваа одлука носи зајакнување на Албанија на меѓународната сцена, создавање поволни услови за понатамошни странски инвестиции, намалување на трошоците за националниот долг и консолидација на трговската размена.

  • Оваа одлука несомнено носи зајакнување на Албанија на меѓународната сцена, создавање поволни услови за понатамошни странски инвестиции, намалување на трошоците за националниот долг, консолидација на комерцијалните размени и услуги и низа други придобивки кои произлегуваат од оваа нова позиција на Албанија. Борбата за спречување на перење пари и финансирање тероризам беше и е во фокусот на работата на албанската Влада и ќе остане една од нејзините главни заложби во соработката со нашите стратешки партнери, наведува Балуку.

Одлуката ја поздрави и државниот главен обвинител, Олсијан Чела, оценувајќи дека тоа е „плод и суштински придонес од стратегијата за борба против овој феномен, изготвена од Јавното обвинителство во 2020 година“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста