Бизнис заедницата бара реални, а не само популистички мерки на краток рок

Бизнис заедницата бара реални, а не само популистички мерки на краток рок

Владата да престане со популистичките мерки на краток рок, зато што со нив, работите нема да тргнат на подобро. Стопанството не гледа логика во најават на министерот за економија, дека гарантираните цени ќе продолжат да важат до крајот на годината. Бизнисот предупредува дека со ова – граѓаните нема да живеат подобро, а ќе трпат и компаниите.

На граѓаните им треба реално намалување на цените и повисоки плати, ако сакаат да достоинствено да живеат, а не само да преживуваат. Ова е ставот на бизнис заедницата која е против замрзнување на цените на производите, оти, како што вели, тоа не може да опстане да долг рок. Миле Бошков од организацијата на работодавачи на Македонија, вели дека Владата мора да носи реални, а не популистички мерки за помош на стопанството и граѓаните за ублажување на ценовните шокови. Тоа што цената на храната останува „под мраз“ до Нова година, народот само дополнително го иритира.

  • Мерките кои намалуваат еден, два или три денри, дури и го зголемуваат гневот кај потрошувачите. И ние навистина можеме со одредени мерки, да го поттикнуваме нашето домашно производство, нашите граѓани да купуваат наши производи, индикретно за одредени заштитни мерки за нашите производи и така да се придонесе за сите, вели меѓу другото за Алфа Миле Бошков, претседателот на Конфедерацијата на работодавачи на Македонија.

На 19 септември Владата ја донесе одлуката за гарантирана цена, и рекоа дека со вакви мерки инфлацијата до крајот на годинава би паднала до 5%, што според економиските експрети не се чувствува во пракса. Во однос на браност поскапувања, бизнисмените стравуваат дека тој ќе се засилува, а спасот е во реалното покачување на платите, а не со владин декрет..затоа бараат од државата да покаже поголема сериозност.

И додека бизнисмените алармираат дека овие мерки се само мачкање очи, цената на храната останува „замрзната“ до Нова година, а потоа ќе биде неизвесно што ќе се случува. Наспроти алармот од стопанството кое бара сериозни реални мерки, власта смета дека тие биле навремени и со нив се штителе семејните буџети, што за жал нее така.

Претходно неколку пати реагираше и Организацијата на потрошувачи, кои посочија дека не треба да се укинат „акциите и промоциите“ низ маркетите затоа што со тоа купувачите се доведуваат во заблуда. спасот од високите цени, владата го гледа во елиминирањето на  нефер практиките во трговијата, што догодина ќе се регулираат со Закон.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста