Мицкоски: Идната влада ќе ја предводат коалициите „Твоја Македонија“ и „ВРЕДИ“

Мицкоски: Идната влада ќе ја предводат коалициите „Твоја Македонија“ и „ВРЕДИ“

Идната влада ќе ја предводат коалициите „Твоја Македнија“ и „ВЛЕН“ – Порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вели дека при формирањето на владата, мора да се почитува волјата на граѓаните – А изборните резултати покажуваат дека опозициските кандидати добија поголема доверба од владеачките.

  • „Одлучија граѓаните, јас жалам што Али Ахмети во јавноста сака да се претстави како идеолог и многу силен, а во позадина ни праќа емисари и би рекол безусловно сака да влезе во идна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и со „Твоја Македонија“ коалицијата, жалам што Али Ахмети се опкружи со луѓе кои и него го злоупотребуваат, за да прават условно кажано криминал и да ја ограбуваат Македонија и жалам што Али Ахмети опкружувајќи се со овие луѓе наместо да заврши како политички пензионер и да биде идеолог тој ќе заврши како соучесник во криминалот на неговите блиски соработници кои набргу од денеска, македонската јавност, сите граѓани во Македонија без разлика на етничката припадност ќе бидат сведоци, а за што имаме голем број докази“ – изјави Мицковски.

Мицковски истакна дека очекува поддршка за претседателскиот кандидат Силјановска-Давкова од движењето ЗНАМ, како и од сите други кандидати кои не влегоа во вториот круг од претседателските избори.

  • „Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во Куманово. Очекуваме поддршка за нашиот претседателски кандидат од Максим Димитриевски“. – истакна Мисковски

Воедно, опозицискиот лидер испрати апел за поддршка на 8ми мај, со цел Македонија да оди напред и да не остане заробена од неколкумина, кои станале милионери откако почнаале да се занимаваат со политика.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )