Проф. Митрески: Големобугарските амбиции кон Македонија никогаш нема да запрат

Проф. Митрески: Големобугарските амбиции кон Македонија никогаш нема да запрат

Амбициите на Бугарија кон Македонија немаат крај,тие не само што не згаснуваат туку тлеат од балканските војни до денес. Отоворено ја негираат посебноста на македонската историја, јазик и нација, го оспоруваат идентитетот на македонските дејци,за нив  македонецот никогаш не постоел-вели професор доктор Павле Митрески кој во 92-рата година од животот продолжува да пишува за историјата на Македонија. Ако можел македонскиот национален деец Темко Попов пред повеќе од 130 години да пишува и да се бори за сочувување на македонската нација, јазик и култура преку отворање на македонски училишта,можеме и ние да се бориме за ова парче земја-вели д-р Митрески.

Да прочитам само една изјава од Темко Попов во тој смисол:и самиот Исус Христос ако слезe од небото не можe да го увери Македонеца оти е бугаринвели д-р Павле Митрески,историчар

Според професор Митрески,Бугарија засега само ја следи матрицата на конфликтот помеѓу Русија и Украина.

 И сега обнова што се прави од страна на Бугарија мислам дека е толку излишно,толку  смешно да се менуваат граници, нации тоа е злочин меѓународен. Замислете во денешно време сеуште ние не сме влегле во Ватиканските архиви како што треба, таму е ризница на историјата не само за Македонија туку за цела Европа”-вели д-р Павле Митрески

Во Македонија сеуште има мудри луѓе кои на интелектулано ниво, достоинствено од петни жили се борат да го сочуваат образот на македонецот.Митрески апелира до челниците на државата да ја побараат документацијата од ватиканските архиви.

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста