Армијата набавува осум хеликоптери од италијански „Леонардо“ тешки 230 милиони евра

Армијата набавува осум хеликоптери од италијански „Леонардо“ тешки 230 милиони евра

Во Македонија до крајот на 2028 година треба да пристигнат вкупно 8 хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо Хеликоптерс“. Првиот е најавено дека ќе слета дури во втората половина на 2026 година. Јавната набавка на овие воздухоплови е тешка 230 милиони евра.

Станува збор за четири хеликоптери од типот АW149 и четири од Типот АW169M, а првата рата од авансното плаќање во износ од околу 36,8 милиони денари односно 14 проценти, кај реномираната италијанска фирма согласно договорот кој министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе го потпише другата недела, ќе се исплати годинава, а наредната ќе бидат исплатени 42 проценти од набавката.

-Вкупната цена е фиксна, без разлика на условите на пазарот и промените во цените во воената индустрија кои постојано се зголемуваат, рече министерката Петровска.

„Алфа“ уште во јануари објави дека Министерството за одбраната ќе набавува осум хеликоптери од контроверзниот италијански „Леонардо“ – фирмата која со години ја следат коруптивни скандали.

Прочитајте повеќе на следниот линк:

https://alfa.mk/nov-tender-za-leonardo-odbrana-skluchi-dogovor-so-kontroverznata-italijanska-firma-za-helikopteri/

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста