61 пратеник: Христијан Мицкоски сигурен во убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ

61 пратеник: Христијан Мицкоски сигурен во убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ

61 пратеник. Лидерот на опозицијата верува дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата можат сами да направат мнозинство во Собранието по осми мај. Христијан Мицкоски е уверен во двојна победа, и на Гордана Силјановска Давкова во трката за претседател и на неговата партија на парламентарните ибори.

-Верувам дека во среда ќе имаме двојна победа. Гордана Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на Македонија, а коалицијата „Твоја Македонија“ и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат 61 пратеник

Силјановска Давкова го победи Стево Пендаровски со 180.000 гласа. Мицкоски упати благодарност до сите оние кои гласале за универзитетската професорка и убеден е дека во вториот круг и на парламентарните избори, победата ќе биде уште поубедлива.

-За мене неуспехот не е е неуспех. За мене е успех пред се она што се случи во првиот круг. Благодарност до македонските граѓани, благодарност до сите оние кои што го дадоа својот глас за идниот претседател Гордана Силјановска Давкова. И однапред ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите оние граѓани, кои што чувстувам дека масовно ќе излезат на изборите во среда и масовно ќе го дадат својот глас, изјави Мицкоски.

Инаку, Силјановска Давкова во првиот круг освои над 360.000 гласови, што е двојно повеќе од Стево Пендаровски, кој доби 180.000.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )