Надлежните да отворат 16 очи-Експертите загрижени од изборни сценарија во режија на ДУИ

Надлежните да отворат 16 очи-Експертите загрижени од изборни сценарија во режија на ДУИ

МВР и директорот за јавна безбедност да бидат будни и да ги преземат сите потребни мерки за Македонија да има фер и демкратски изборен процес. Во пресрет на клучниот изборен ден, 8 Мај, дел од експертите за безбедност следејќи ја реториката на интегративците се загрижени од можни ескалации, нереди и изборен инжењеринг. Посебно во изборните единици каде битката ја водат партиите од албанскиот политички блок ДУИ и коалицијата Вреди.

Поранешниот полициски началник Љубомир Ѓурчевски очекува ДУИ да прави притисоци и нереди за време на гласањето, па затоа според него надлежните од јавна безбедност треба спремни да ги дочекат евентуалните ескалации.

Дека ДУИ нема намера да си замине лесно од власта според Ѓурчевски потврдуваат и пораките кои партијата на Ахмети ги испрати по резултатите од првиот изборен круг на претседателските избори и калкулациите меѓу партиите за тоа кој ќе ја формира владата и со кого. Од нигде никаде ДУИ го вклучи и Бадентер како услов, иако тој воопшто не важи како принцип за формирање влада. Оттука упатените стравуваат од тензичен изборен ден што во никој случај нема да им биде од корист посебно на интегративците:

За неправилности при гласањето на 24 април веќе има решение и на Управниот суд.  Коалицијата Вреди го објави решението на судот со кое се прифаќа нивната жалба за полнење кутии во Липково. На гласачко место во Липково имало полнење на кутија од блиски луѓе на носителот на листата на ДУИ во оваа зона,  со техниката позната како „бугарски воз”.

Според ВМРО ДПМНЕ, ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, функционери на ДУИ се забележани во Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи,

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека за сите овие неправилности ја информирал меѓународната заедницаи предупредува дека ДУИ се подготвува за полнење кутии и изборни нерегуларности и на парламентарните избори на 8 мај.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )