Нов тендер за „Леонардо“ – Одбрана склучи договор со контроверзната италијанска фирма за хеликоптери

Нов тендер за „Леонардо“ – Одбрана склучи договор со контроверзната италијанска фирма за хеликоптери

Контроверзниот италијански „Леонардо“ ќе и доставува на Македонија хеликоптери Агуста 149 и 169 – фирмата која со години ја следат коруптивни скандали била најсоодветната во тендерот на Министерството на Славјанка Петровска. Старите летнаа за Украина, нови осум, тешки 327 милиони евра треба да се паркираат во Македонија.

Но, која е фирмата која според Одбрана има најсоодветни перформанси да ја обезбеди Македонија со осум хеликоптери?  – фирма која на светот и е позната по поткупување високи фунционери за да добие државни тендери.

Италијаснкиот производител кој неколку пати го има менувано името бил инволвиран во корупциски скандал во Белгија, однодно компромитирале две партии – дел од тамошната влада за да им помогнат да го добијат тендерот за набавка на борбени хеликоптери за белгиската армија.

Истиот скандал ја снајде и Индија во 2010-тина година.

  • Индија го откажа договорот за хеликоптери вреден 753 милиони долари со италијанскиот одбранбен гигиант „Финмеканика“ по обвинувањата за корупција, сооштија официјални лица. Договорт се однесуваше за 12 ликсузни хеликоптери за превоз на ВИП личности.“ (извор: ББЦ)

Првите луѓе на италијанскиот гигант судот во Милано ги прогласи за виновни бидејќи нуделе мито за да добијат тендери.

  • Поништувајќи ја пресудата на понискуот суд, во која се вели дека корупцијата не може да се докаже, апелациониот суд ги прогласи Џузепе Орси, моќниот поранешен управител на Финмеканика и Брино Спањолини – раководител на секторот за хеликоптери Агуста Весленд – виновни за меѓународна корупција и перење пари.“ (извор: Дифенс њуз)

Но не само на светско ниво, италијанскиот Леонардо е звучно име и на домашен терен. Со неа се склучи договор за набавка на радарски системи кој го предводеше екс- генералниот секретар Драги Рашковски. Антикорупциската комисија имаше и предмет за оваа спогодба бидејќи сомнително им беше доцнењето со исплатата на траншите за кои државата плаќаше високи камати. Предметот се затвори, но остана отворено прашањето што прави Македонија со таа опрема и каде се наоѓа?

За Министерството за одбрана нема ништо спорно во склучувањето на договор со фирма која и кај нас и во светот се поврзува со коруптивни скандали. Оттаму за Алфа велат дека Леонардо биле одбрани по тригодишни експертски анализи на пазарот.

  • Критериуми по кои се вршени анализите се: однос на цена на набавка, техничко одржување и техничка поддршка, достапност на резервни делови, достапност на специјален алат за одржување,  цена на оперативна употреба, животен век и идна перспективност…“ се наведува во одговорот од Министерството за одбрана.

Се наведува, меѓу другото, во одговорот од Одбрана. Сепак, во него не се споменуваат ниту скандалите ниту тајмингот – склучување на договор на 100 дена пред избори.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста