Aнтикорупциска: Формирани се 45 предмети поврзани со изборите

Aнтикорупциска: Формирани се 45 предмети поврзани со изборите

Од денот на распишувањето на претседателските и парламетнарните избори, Антикорупциска оформила вкупно 45 предмети за кои имаат сомневања дека се поврзани со коруптивни дејанија, а од државните институции добиле околу 400 барања за мислење што смеат, а што не смеат да прават за време на кампањата по што исто така се изготвени предмети, информираше Димитровска, во интервју за Радио Слободна Европа.

Најголем дел од нив се однесуваат на постапките поврзани со работни односи, вработувања и отпуштања, а има и случаи на злоупотреба на службени автомобили, предвремено започнување на кампањата и изградби.

Димитровска вели дека Антикорупциската комисија исто така ќе покрене иницијатива за утврдување на одговорност кај инситуциите во врска со постапката за прием на нови 130 слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители, откако Вишиот управен суд одлучи да ја одбие жалбата на Академијата со што постапката за полагање на испити и засновање на работен однос беше ставен во мирување се до завршувањето на изборите.

ДКСК по сопствена иницијатива во изминатиот период оформи два предмети. Едниот се однесува на набавката на хеликоптери за потребите на Министерство за одбрана, а вториот предмет за набавка на медицинските возила во Министерството од здравство.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )