Православните верници го слават Велигден – Христос Воскресна, Навистина Воскресна!

Православните верници го слават Велигден – Христос Воскресна, Навистина Воскресна!

Биењето на камбаните ја донесоа радосната вест за Христовото Воскресение. Праволавните христијани ги преполнија храмовите илјадници граѓани се радуваа на Христовата победа над смртта. Иста слика беше и изутринава каде верниците се собраа во црковните храмови да запалат свеќа за здравје и мир. Најмасовно по традиција беше во Соборниот храм во Скопје, каде беше испратена порака на поглаварот на Македонската православна црква ГГ Стефан.Тој порачува да ги зацврстиме единството и слогата, и да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби.

Тoj, кој ќе се осмели да нѐ оспори како македонски народ и како македонска држава!? Со кое право некои сѐ уште се обидуваат да ни ги одрекуваат историјата и традицијата, јазикот и верата, кога сета македонска почва е напоена со просветителските дејанија на македонските црковно-просветни дејци, со истрајноста на сите наши родобранители, со крвта на недобројните наши маченици и со благоверието на мноштвото исповедници и поборници за зачувување на Православието на ова свето македонско тло!?вели отец Сашо.

По 48 дневниот велигденски пост,денеска верниците ќе седнат на мрсна трпеза. Мир, среќа и здравје за себе и најблиските посакуваат граѓаните за големиот христијански празник.

Најголемиот христијански празник Велигден е денот кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Христовото Воскресение е ветување за вечен живот, најголемиот настан во историјата на црквата врз кој се потпира верата на православниот свет. Велигден се слави три дена.  Со зборовите Христос Воскресе, Навистина Воскресе верниците си честитаат се до празникот Св. Спас.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )