Агелер: Мора да престанат притисоците врз судството

Агелер: Мора да престанат притисоците врз судството

Дури и американската амбасадорка има чуено дека судиите во Македонија имаат притисоци. Судската власт мора да биде ослободена за да го практикува правото бидејќи и граѓаните го бараат тоа, а судиите да бидат слепи на политичките влијанија и јавните мислења, децидно порача Анџела Агелер на одбележувањето 60 години македонски Уставен суд.

  • „Притисокот кој е ставен на судиите во овие судови може да биде огромен, ние како граѓани инсистираме тие притисоци да бидат елиминирани, а нашите судии секогаш да бидат независни без разлика на нивните лични мислења. Од аспект на престојните избори, судската независност е од суштинско, витално и круцијално значење како и секогаш досега, само независни судии, може да го запазат владеењето на правото и да ги заштитат правата, судиите мора да делуваат објективно и правично“, кажа Агелер.

Агелер направи паралела со американскиот уставен суд и порача дека таму не мислат дека Уставот е напишан во песок, па да се измие со секој бран од нови судии, кои се под влијание на политичките текови.

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, во своето обраќање ниту ги спомна критиките ниту славата доверба во системот. Порача дека треба да се воведе можноста за уставна жалба со што ќе се прошират нивните надлежности.

  • Вие сте они кои можете да ставите вето, да донесете погрешни одлуки за кои би имало уставни конфексенци. Но од друга страна вие можете да влијаете на процесите за дополнување на зајакнување на оваа институција. Ние како судии сме должни преку нашите одлуки, да го материјализираме заветот на праведност и правичност. Граѓаните ги охрабрувам да бараат заштита од Уставниот суд, пред да се изложат на финансиски последици надвор од државата“ кажа Кацарска.

Највисокиот државен врв но и амбасадорите во земјата побараа посветеност на законодавната и извршната власт за Уставниот суд да продолжи да ја гарантира заштита на уставноста и темените вредности.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста