Од понеделник во градинка деца со три дози вакцини против голема кашлица, за возрасните пак стигнаа вакцините

Од понеделник во градинка деца со три дози вакцини против голема кашлица, за возрасните пак стигнаа вакцините

Од понеделник вакцинираните деца со три дози ДиТеПер ќе бидат примени во градинките. Министеството за здравство и ДЗСИ дадоа зелено светло на одлуката на Комисијата за заразни болести.Инспекторите досега извршиле стотина вонредни инспекциски надзори во градинките, и според состојбата на терен утврдено е дека се почитувава решението за забрана за прием на нецелосно или делумно имунизирани деца.

Директорката на Државниот здравствен инспекторат не даде конкретен одговор на прашањето кој потфрли во целата ситуација и зошто се дозволи години наназад да се провлекуваат невакцинирани деца во градинките.

Ние имаме надлежност да ги повикуваме родителите на проамнување или казнување ако родителот не се сложи да го вакцинира детете. Но и детските градинки  треба да имаат одговорно лице како и досега.Сега сме со засилени контроли на тие списоци.Трпение за родителите, ќе мора да ја решиме оваа состојбазатоа што не е во ред да враќаме заразни болести, веќе сме 21 век” – изјави Рената Младеновска, директорка на ДСЗИ.

Во меѓувреме расте бројот на заразени луѓе со пертусис.Големата кашлица е присутна и во училиштата. Во неколку школи ученици отсуствуваат од наставата а во извештаите на децата ја пишува дијагнозата за магарешка кашлица. 

Според докторите и возрасните треба да бидат имунизирани со дитепер.Министерот Демири соопшти дека во Македонија пристигнати се вакцините за возарасни.

Ди-Те-Пер вакцините за возрасни се веќе пристигнати во земјата и може веднаш да се аплицираат. Од денеска може слободно да отидат сите што сакаат и да ги примат. Нив ги има во вакциналните пунктови, а може да се аплицираат кај луѓе што имаат потреба за таков вид ревакцинација”– изјави министерот Демири.

Вакцината ДиТеПер се препорачува за сите родители кои планираат бебе, или тоа да се направи веднаш штом ќе се роди бебето, имунизирани треба да бидат и возрасните лица кои работат со мали деца, посебно здравствените работници и вработените во установи за дневен престој на деца.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста