Мерките кои ги воведе советот на Штип го спасуваат ЈП „ Исар “ од финансиски колапс

Мерките кои ги воведе советот на Штип го спасуваат ЈП „ Исар “ од финансиски колапс

Мерките за спас од финансиски колапс на штипското ЈП Исар ги даваат  првите резултати. Моменталната состојба, првиот човек на претпријатието ја отценува како релативно добра. Дополнително финансиско стабилизирање очекува по продажбата на деловниот имот  за кој во моментот се спрема јавната објава за лицитација. Во меѓувреме со парите кои се заштедуваат од неисплата на прекувремени часови, како и намалување на вработените комуналното претпријатие има доволно пари за исплата на платите, но и редовно да ги сервисира долговите.

  „Една од мерките коишто беа одобрени од Советот на Штип, е намалување на вкупниот број на вработени за 30 до крајот на годината. Во текот на овој период беа прекинати договорите на 20 вработени по основ на пензионирање, технолошки вишок, а на дел не им ги продолживме договорите . Со ова бројката достигна до 20 изјави Кирил Зајков, директор на ЈП„Исар„.

 Во моментот долгот на Исар кон добавувачите е 81милион денари, плус за исплата имат 50милиони денари по основ на камати кон Министерството за финансии, за кредит подигнат од пред повеќе од 20години. Претпријатието и оптината неколку пати бараа министерството да покаже разбирање и да ја отпише каматата за кредит за кој како што вели Зајков веќе е реализиран и исплатен.            

„Она то го добивме како одговор за нас е неприфатливо и до овој момент неразјасниво зото Министерството за финансии не не повика на разговор, ниту пак добивме позиција да поразговраме за да видиме дали постои или не постои можност, туку едноставно ни кажа дека нема законска можност за отпишување на овој вид на долг и ние како јавно претпријатие и овој месец и во наредната година ќе мора да плаќаме рати од 3,8милиони денари„ изјави Зајков.

Штипското комунално претпријатие подолг период се соочува со финансиски колапс. На почетокот од јуни ЕВН ја блокираше сметка на Исар, па поради тоа на вонредна седница Советот на општината донесе одлука, со ребаланс на Буџетот на комуналното претпријатие му се префрлат 18милиони денари. 

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )