Во последниве четири години Македонија ја напуштиле половина милион млади, бизнис-секторот и образованиот се обединуваат во потрагата по едуциран кадар

Во последниве четири години Македонија ја напуштиле половина милион млади, бизнис-секторот и образованиот се обединуваат во потрагата по едуциран кадар

Долгогодишното отсуство на синхронизираност помеѓу образованието и реалните потреби на пазарот на трудот, само во последниве четири години, Македонија ја чинат одлив на фрапантни половина милион млади луѓе. Овој застаршувачки негативен тренд е поразителен доказ дека Македонија дише на шкрги, укажуваат од неваладиниот сектор.

Треба поголема вклученост на сите организации во креирањето на јавните политики, во креирањето на уписните политики, во креирањето на слободни работни места. Значи, треба всушност бизнис-секторот да е во согласност со академската заедница, да се креираат уписните политики со Агенцијата за вработување и сите останати релевантни чинители во ова општество“ – вели Дања Димовска-Микаровска од италијанската НВО „COSV“, Подружница Прилеп.

На сличен став се и македонските стопанственици кои одамна алармираат дека кубурат со работна сила, најмногу заради неправилната поставеност и организација на понудата на трудот во однос на побарувачката на пазарот на трудот.  

Основна цел на задоволување на пазарот на трудот треба да биде приватниот сектор. Тоа е тој сектор кој што ја создава додатната вредност и ние сите, вклучително и јавните институции, треба да креираме општество и образование коешто ќе креира работна сила за потребите на приватниот сектор“, – кажа Ирена Јакимоска, претседател на Регионална стопанска комора – Прилеп.

Бизнисот има потреба од Универзитетот. Долги години имаше огромна невработеност и бизнисот не беше заинтересиран толку, бидејќи можеше да бира. Сега е предизвик за секој бизнис, па и за јавните служби, да најдат квалитетен кадар“, – посочува проф. д-р Игор Неделковски, ректор на УКЛО.

Со цел ублажување на масовниот одлив на млади и едуцирани кадри од земјава, се прават напори преку вмрежувањето на бизнис-секторот, академската заедница и граѓанскиот сектор, да се обезбедуваат стипендирања, мотивирачки платена практична работа и идни вработувања за новите кадри да останат во Македонија.

Каролина Дурло  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )