Уписот во градинка на децата од Украина, нерешлив за македонските институции

Солидароноста на македонската влада и подготвеноста да им излезе во пресрет на семејставата кои доаѓаат од Украина, заглави во воспитно образовните установи.Веќе еден месец дечињата кои од завојуваната земја пристигнаа во Македонија чекаат надлежните иституции да најдат решение за нивни упис во градинка,додека во меѓувреме секојдневно пристигнуваат бегалци од кризните региони,претежно мајки со малолетни деца. Една од нив е и Олга Косиченко која морала да ја напушти родната Полтава за да ги спаси своите три деца.Запишувањето на дечињата во градинка,воопшто не треба да биде дискутабилно-вели таа.

Сакам синчето да посетува градинка овде во Охрид,да се дружи и да учи заедно со другите дечиња.Јазикот воопшто не е бариера, децата брзо учат,но треба државата да ни излезе во пресрет.Само така децата ќе заборават на оние ужасни слики од бомбардирањата во Украина,од кои имаат силни трауми вели Олга Косиченко.

На упис во градинка чекаат и првите дечиња кои во Охрид дојдоа од Украина- пет годинишниот Андреј и две и пол годишниот Никита.

Но и да не заостануваат и во едукацијата ,да се социјализираат да си најдат другарчиња овде, деца со кои што ќе можат да си играат да не се цело време само со мама, тато,баба и дедо.Како што тие веќе си одеа во градинка во Украина.Јас му кажувам дека не знам кога ќе се вратиме,прашуваат каде ми се другарчињата мои од градинка.За некои со кои имаме контакт им кажуваме дека се во друг град,кај роднини.А кога јас ќе се вратам ,што да му кажам?– прашува Дарко Кипаризовски.

Дарко успеа да стапи во контакт со доктори од Клиниката во Харков кои му ги испратиле вакциналните картони од дечињата а започнал и постапка за вадење на извод на родени на македонски јазик, но таа среќа ја немаат дечињата чии родители се украинци. Додека од охридската градинка “Јасна Ристеска ”се правдаа дека не можеле да ги примат дечињата оти немале македонско државјанство, здравствени книшки,извод на родени,лекарски картон и уредно примени вакцини,од труд и социјала рекоа дека работеле на изнаоѓање решение.Бидејќи од тогаш изминаа 10 дена,уште во петокот испративме допис. Прашавме дали има некаков епилог и дали е точно дека во некои од скопските градинки веќе се примаат дечиња дојдени од Украина,но одговор не добивме.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста