Пациентите со механичка поддршка на срце заборавени од државата-уште чекаат на ветувањата од Заев и Филипче дека нема да плаќаат за лекарски прегледи

Ветено- не остварено. Пациентите со механичка поддршка на срце не добија ослободување од партиципација за здравствени услуги и покрај уверувањето кое го добиле  од властите дека тоа ќе се случи од 01.01.2022 година.  Среде пандемија, економска и енергетска криза, овие пациенти се изложени на  огромни трошоци секој месец за лекови и редовни прегледи.

Проблем е во тоа што ни беше ветено дека од 1.1.2022 година ние сме вметнати во програма и ќе почне да се практикува тоа, но не е исполнето. Последно барање е испратено пред неколку месеци на кое што тогашниот премиер на државата и тогашниот Министер за здравство ни ветија исто дека од 1.1 не е никаков проблем ќе отпочнеме со уживање на тоа добро, но ништо не се случи од тоа. Сега се обидуваме да стапиме во контакт со актуелниот премиер не можеме, а ни со актуелниот министер недостижни се за нас, но ние стоиме на барањето дека ни е одобрено од Премиерот и од Министерот на нашата држава, вели претседателот на националното здружение „Храбро срце“ , Васко Јолески

Месечно овие пациенти трошат најмалку 12000 денари за редовните преврски, и дополнително за терапија која чини минимум 9.000 денари. Ослободувањето од партиципација нема да удри по државниот буџет со оглед на тоа дека станува збор за 18 пациенти, но за нив ќе доведе до можност за поредовно правење на комплетните прегледи кои се и тоа како неопходни.

Кога би било со партиципација би било помалку и добро е да не ослободат што побрзо од партиципација за да може да ги уживаме оние прегледи кои што се компјутерска томографија што е и до 800 евра, а во државно би била за нас бесплатно, додава Јолески.

Додека пациентите  кои живеаат со механичка поддршка чекаат можност да добијат срце наместо електрична пупма се надеваат дека конечно ќе завршат апсудрните одлагања за исполнување на ветувањата кои државата им ги дала.

За прв пат трансплантација на срце во државава беше изведена на 23 мај 2020 година на државната кардиохирургија во Скопје. До сега изведени се шест трансплантации.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста