Судиите се изненадени што само 8% од луѓето им веруваат, се вадат: Малку биле на број, а предмети стотици

Шок и неверување. Барем така велат судиите дека ја доживеале веста дека само 8 проценти од граѓаните му веруваат на судството. Велат дека и покрај реформите во судството кои се преземале кога довербата била и не така на ниско ниво, резултатите не се подобриле како што биле очекувањата.

Постои уште многу за работа особено во делот на системите на одговорност и транспарентност на судиите и јавните обвинители како би можело да се унапреди довербата во правосудните институции која што се уште не е на ниво на која што би сакале да биде рече ГОЦЕ КОЦЕВСКИ – Македонско здружение на млади правници.

Довербата од 8 проценти е нешто што ме шокираше. Имајќи во предвид дека во овој период кога довербата не беше така ниска, многу се работеше од акциониот план се преземаа, се донесоа како документи, но очигледно е дека нешто во целиот овој систем е проблематично вели МАРГАРИТА ЦАЦА НИКОЛОВСКА – поранешен судија.

34 судови во Македонија минатата година имале за решавање над половина милион предмети, а своја завршница не добиле една петтина или скоро 100 илјади случаи. Судскиот совет се правда дека сепак малиот број на судии придонесува за ваквата состојба.

Од 24 суда, 15 се ажурни. Факт е дека приливот на предмети кај судиите е зголемен. А од друга страна факт е дека секој суд се соочува со недостаток на судии. За секој од 34 судови имаме назначено координатор кој што на месечно ниво добива извештај од секој судија кој и колку предмети сработил. Тој е начин преку кој може да се преземат мерки против судиите кои не ажурно работат вели ПАВЛИНА ЦРВЕНКОВСКА – претседател на Судски совет.

Дека на Судскиот и обвинителкиот совет кубурат со кадар се потсетува секоја година.  До септември од Академијата со работа ќе започнат 30 судии, па ќе останат празни уште 130 места. Обвинителството пак до крајот на годинава ќе остане во минус од 48 обвинителски столчиња.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста