Угостителските и јавните објекти ја почитуваат препорака од Центар за во следните два дена да ја прилагодат музиката

Угостителските и јавните објекти ја почитуваат препорака од Центар за во следните два дена да ја прилагодат музиката

Угостителските и јавните објекти на територијата на Општина Центар ја почитуваат препорака од градоначалникот Горан Герасимовски за во следните два дена да ја прилагодат музиката, поради трагичната смрт на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Граѓаните се уште се во шок и не можат да се опорават од чинот, на безмилосното убиството на 14 годишното девојче.

Тивко и без детски џагор денеска беше во основното училиште „Јохан Хајнрих – Песталоци“.

На службениот влез на училиштето денеска немаше граѓани кои до доцна синоќа и оддадоа последна почит на 14 годишната Вања Ѓорчевска.

Граѓаните кои доаѓаат да се потпишат во Книгата на жалост и го изразуваат своето сочувство за прерано згаснатиот живот на младата Вања, денеска мора да влезат внатре, во холот на школото.

И додека цела Македонија тагува по Вања, од Владата не прогласија ден на жалост поради прерано згаснатиот живот на младото девојче. Ама затоа Општина Центар, излезе со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката поради трагичната смрт на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Угостителските објекти ја прилагодија музиката во локалите. Атмосферата денеска во сите локали беше навистина тажна. Оние кои седнаа на кафе, главна тема на муабет им беше трагедијата која Македонија ја зави во црно.

Во меѓу време, граѓаните се уште се во шок и не можат да се опорават од чинот, на безмилосното убиството на 14 годишното девојче.

  • Немам коментар. Уште сме во шок, ова е нешто страшно. Требаше да има ден на жалост, зашто ова е трагедија за Македонија, никогаш веќе да не се повтори, реагираат граѓани за Алфа.

Претходно, од Вања Ѓорчевска се простија и нејзините наставници, пријатели, роднини. „Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања. Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме… Нека ти биде светол патот кон вечноста!“ напиша училиштето како последен поздрав за Вања.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста