Обдукцијата е завршена, телото на 14-годишната Вања е предадено на семејството

Обдукцијата е завршена, телото на 14-годишната Вања е предадено на семејството

Дали Вања се задушила или умрела од истрелот, времето кога згаснал младиот живот, дали ја тепале или малтретирале осомничените, треба да покажат анализити од обдукцијата.

Детали од наодот нема да се споделат во јавноста, во интерес на истрагата, соопштија од Обвинителството, кои ги чекаат анализите од Судска медицина. Од нив може да се откријат само изолирани моменти кои нема да наштетат во работата на обвинителите, а другите информации ќе се слушнат во текот на судската постапка.

Обвинителстството ги одвои истрагите, за прво осомничениот Љупчо Палевски Палчо, по итна постапка отвори истрага и судот му определи 30 дневен притвор откако ќе биде достапен на органите на проганот. За да го обезбедат Палчо, кој се сомничи за убиство, грабнување и придизвкување општа опасност, МВР распиша и меѓународна потерница.

Останатите четворица осомничени, меѓу кои и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски се веќе во притвор. Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои признале вина, кои се во 48-часовен притвор, ќе останат зад решетки бидејќи истражните органи бараат и продолжување на мерката. Според содржината на крвичната пријава ќе зависи и затворската казна која ќе биде од 10 години до доживотен затвор. Исказот на родителот е во тек, но од досега слушнатото само тој не признавал вмешаност во грабнувањето и убиството.

Според споделените информации, Вања била убиена бидејќи осомничените стравувале зашто брзо се прошири веста за нејзиното исчезнување и започна истрага, па киднаперите не стигнале да побараат откуп. Малата Вања била киднапирана со автомобилот на убиениот 74 годишен велешанец, кој бил убиен за долг од 500 евра. Истите пет осомничени, по пет дена од убиството на Панче Жежеовски ја грабнуваат Вања, по што трагично заврши и нејзиниот живот на само 14 години.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста