Сценариото на бојкот на вториот круг претседателски избори не успеа, Македонија ќе има нов претседател

Сценариото на бојкот на вториот круг претседателски избори не успеа, Македонија ќе има нов претседател

Пропаднаа црните сценарија за бојкот на претседателските избори, готвени во кујните на владеачката ДУИ. До последниот пресек, во 17 часот недостигаа едвај неколку илјади гласови за и официјално да биде достигнат изборниот праг од 40%. Според државната изборна комисија, излезеноста до 5 попладне веќе беше нешто над 40%, што го прави вториот круг од претседателските избори успешен.

Обидот за бојкот беше очигледен уште од изутрината кога во општини со мнозинско албанско население имаше голема разлика помеѓу излезеноста за претседателските и парламентарните избори. Разликата се зголеми уште повеќе откако десната рака на Ахмети, Артан Груби во живо, на социјалните мрежи го пренесуваше гласањето, каде што можеше да се види дека зема само едно ливче.

  • „Не гласав за претседателските бидејќи не сакам да легитимирам претседател или претседателка која е против УЧК, против Охридскиот договор, против добрососедството со Косово, со Бугарија, со Грција, против интеграција во ЕУ и уставните измени, против пријателството со САД. Не сакам идниот претседател или претседателка да го има и легитимитетот на гласовите на демократскиот свет тука во Cеверна Македонија, овозможувајќи избор на еден таков претседател. Затоа го искористив моето демократско право да гласам за парламентарните но не и за претседателските избори“ – рече Груби по гласањето.

Па така, во општините со мнозинско албанско население, официјалните податоци на државната изборна комисија до 17 часот, покажуваат драстични разлики помеѓу излезеноста на двата изборни процеси. Во Липково, на вториот круг од претседателските избори, последните бројки покажуваат дека гласале нешто повеќе од 6%, додека пак на парламентарните безмалку 36%. Соодносот е сличен и во Арачиново, каде за претседател гласале нешто над 13%, а за пратеници 34%. Повеќе од двојна разлика во излезеноста помеѓу двата изборни процеси има и во Сарај, Боговиње, Желино, како и други населени места со албанско население, каде очигледно е дека гласачите одбиле да гласаат за претседател на државата.

Мала разлика имаше и кај македонското население, откако раководството на Левица, индиректно повикуваа на бојкот на изборите. Интересно е што прва која и честиташе на кандидатката Силјановска–Давкова, е кандидатката на Левица, Билјана Ванковска, која на социјалните мрежи неодамна порача дека нема да гласа на претседателските избори.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )